Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост
Македонија

„Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост

12/09/2025

AA

Оваа година винарската визба „Тиквеш“ одбележува 140 години организирано производство на вино и жестоки пијалаци – јубилеј кој го потврдува континуитетот на македонската винска традиција, но и модерната визија и лидерство на компанијата.

Денес ВВ „Тиквеш“ е препознаен како регионален лидер и глобално афирмиран бренд, благодарение на стратешката трансформација и инвестициите насочени кон целосна модернизација, дигитализација и создавање вина со врвен квалитет, кои во изминатите две децении надминаа 45 милиони евра.

Развојната стратегија на „Тиквеш“ во овој период беше насочена кон зголемување на квалитетот на виното и инвестициите во нова опрема, дигитализација на производствените процеси, како и во професионалниот развој на вработените и ангажман на врвни домашни и странски експерти. Истовремено, винарницата воведе нов пристап и современи практики во лозјата и воспостави партнерски односи со лозарите. Овие процеси овозможија во изминатите две децении, винарската визба „Тиквеш“ да доживее целосна трансформација и модернизација.

Паралелно се одвиваше и премиумизација на винското портфолио, преку создавање вина со современ стил и автентичност кои освојуваат рекорден број награди и највисоки оценки за квалитет од најпознати светски вински познавачи и авторитети од рангот на Роберт Паркер. Со отворањето на бутик-винарницата „Domaine Lepovo“, која го трасираше патот на производството на премиум вина од специфични микро-локации, како и стратешката аквизиција на француската винарница „Château de Gourdon“, „Тиквеш“ го потврди интернационалниот карактер на брендот и дополнително ја зголеми неговата препознатливост и кредибилитет во глобални рамки.

Ваквите инвестиции и стратешки одлуки, реализирани во изминатите две децении, му овозможија на „Тиквеш“ да ја заземе лидерска позиција во винската индустрија во регионот и да прерасне во еден од најсовремените и најиновативни глобални вински брендови. Денес „Тиквеш“ е препознаен бренд на пет континенти, со повеќе од половина од приходите кои се генерираат од извоз, кој во 2024 година достигна 32,7 милиони евра, како и со континуиран раст на продажбата на домашниот и на најпребирливите светски пазари.

„Она што го прави ‘Тиквеш’ уникатен е спојот на 140-годишната традиција со најсовремените светски трендови во енологијата и лозарството. Повеќе од еден век растеме заедно со нашите лозја, нашите луѓе, нашите партнери и потрошувачите, градејќи наследство втемелено во страст, посветеност и доверба“, велат од ВВ „Тиквеш“.

„Нашата визија за иднината е преку вложувања во обновливи извори на енергија и технологии за намалување на јаглеродниот отпечаток, воведување практики и дигитални решенија за прецизно лозарство, органско производство и заштитени географски ознаки, да бидеме двигател на промените, зелената трансформација и одржливиот развој на винската индустрија во Македонија и регионот. Под слоганот ,Бескрајно твој’, продолжуваме да бидеме бескрајно посветени на нашите партнери и сите оние што уживаат во вината на „Тиквеш“ и во сите убавини на винската приказна што ја градат токму луѓето“.

Во чест на јубилејот, компанијата организираше гроздобер за претставниците на медиумите, во органски сертифицираните лозови насади на поседот Лепово. Тие имаа можност лично да учествуваат во бербата на каберне совињон, да се запознаат со современите агро-технички практики и да дегустираат вина од ексклузивната серија „Domaine Lepovo“, создадена со специфични енолошки методи кои придонесуваат за нивниот препознатлив карактер и врвен квалитет.

Со овој настан, „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата врска со лозјето – изворот на секое добро вино – и ја спои традицијата со современите трендови, преточувајќи ја македонската винска историја во глобално препознатлива приказна насочена кон иднината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy