Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТЕЖОК УДАР ЗА РУСИЈА: Украинското разузнавање ги откри деталите за нападот на штабот на флотата во Севастопол! ГЕНЕРАЛИ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ?
Македонија

ТЕЖОК УДАР ЗА РУСИЈА: Украинското разузнавање ги откри деталите за нападот на штабот на флотата во Севастопол! ГЕНЕРАЛИ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ?

23/09/2023

AA

Група руски генерали е тешко повредена во ракетен напад врз седиштето на Црноморската флота во Севастопол, изјави шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданов.

Најмалку девет лица загинаа, а 16 се ранети во нападот во петокот во Севастопол, според Буданов. Руските медиуми ретко известуваат за загинати и ранети. Министерството за одбрана соопшти дека во нападот загинал само еден војник.

Руската воздушна одбрана повторно беше активна во неделата во близина на главното пристаниште на Крим. Наводно, била соборена една ракета.

– Се додека нема напади врз контролно-командните центри, интензитетот на нападот ќе се зголемува. Работата на сите украински структури одговорни за редовните напади како ГУР и СБУ се одвива без прекин во Киев – според рускиот воен блогер Рибар.

Буданов за Гласот на Америка изјави дека генерал-полковник Александар Романчук е во многу тешка состојба.

– Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник (Олег) Цеков е во несвест. Се уште се утврдува бројот на повредени редовни војници кои не се вработени во штабот. Тоа се воени лица кои се на должност и обезбедување и слично. Ги нема на списокот што го објавив – рече Буданов.

Дејли мејл наведува дека има информации дека е убиен и командантот на Црноморската флота адмирал Виктор Соколов, но засега нема потврда.

Соколов беше избран од рускиот претседател Владимир Путин пред една година да го преземе адмиралот Игор Осипов по понижувачкото потонување на предводникот на флотата, крстосувачот Москва, кој наводно бил потопен од украинска ракета Нептун.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Луѓе, имаме држава!“ е пораката на Горан Михајловски за 35

08/09/2026
Македонија

35 години независна Македонија: Како изгледал плакатот што ги повикувал

08/09/2026
Македонија

Вратите се отвораат во 17 часот: Важни информации за посетителите

08/09/2026
Македонија

35 години независност одбележани од длабочините на Охридското Езеро

08/09/2026
Македонија

АНКЕТА | По 35 години независност, во каква Македонија сакате

08/09/2026
Македонија

Грчев: Знамето треба графички да се доработи

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Малолетно дете физички нападнато од повозрасна жена во Кисела Вода

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45547
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy