Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тетовското обвинителство вложи жалба на пресудата за сообраќајна несреќа во која беше усмртена Теодора
Магазин

Тетовското обвинителство вложи жалба на пресудата за сообраќајна несреќа во која беше усмртена Теодора

17/04/2025

AA

Тетовското Основно обвинителство вложи жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 7-ми овој месец со која обвинетиот М.П., кој со возило го усмрти пешакот Тетодора Ристовска, беше осуден на казна затвор во траење од две години, поради тоа што смета дека  е преблага во однос на тежината на стореното кривично дело и степенот на кривична одговорност на обвинетиот.

-Основното јавно обвинителство Тетово изјави жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 07.04.2025 година со која обвинетиот М.П. беше осуден – за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик и му беше изречена казна затвор во траење од две години. Жалбата е вложена поради висината на кривичната санкција, која според обвинителот е преблага во однос на тежината на стореното кривично дело и степенот на кривична одговорност на обвинетиот, се вели во денешното соопштение од Републичкото јавно обвинителство.

Меѓу околностите поради кои обвинителството бара построга казна се особено тешките подледици од сообраќајната несреќа, во која пешакот Теодора Ристовска се здоби со тешки телесни повреди од кои потоа почина.

-ОЈО Тетово го имаше предвид мислењето на Судскиот совет изнесено во однос на овој предмет пред тој да биде правосилно завршен. Меѓутоа, со оглед на тоа што Јавното обвинителство во претходната постапка за овој настан во ниту еден момент не се согласило со двегодишна затворска казна, надлежниот јавен обвинител смета дека сепак има простор за корекција на санкцијата, велат од Републичкото јавно обвинителство. 

Освен тоа, сметаат, општиот јавен интерес, предизвикан од зачестеноста на вакви кривични дела како појава, укажува на потребата од јакнење на казнената политика како превентивен механизам, па јавниот обвинител одлучи да ја искористи законската можност и да побара од Апелацискиот суд Гостивар да ја преиначи казната во повисока.

Дополнително, и семејството на жртвата кое во оваа фаза од постапката нема право на жалба, писмено со обратило до обвинителството за да побара да ја обжали пресудата

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026
Македонија

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: По примерот на 1991 година, потребни ни се единство

07/09/2026
Македонија

Тошковски со детали за убиството во Чаир: Опфатени се познати

07/09/2026
Македонија

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови потврдуваат дека локалитетот

07/09/2026
Македонија

Град Скопје се пофали: Потпишавме договор, ќе имаме 3.300 нови

07/09/2026
Македонија

Случај „Државна лотарија“: Обвинителството најави 231 доказ, одбраната вели: Груби

07/09/2026
Македонија

Нискиот опфат на вакцинација го става Прилепскиот регион пред ризик

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45532
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026

На 06.09.2026 во 05:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа-Затвор Идризово е пријавено дека во установата бил пронајден

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026

На 06.09.2026 околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште, 19-годишната Т.Д. од с.Црнилиште,

Сиљановска-Давкова: По примерот на 1991 година, потребни ни се единство и консензус

07/09/2026

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy