Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тетовските пензионери на протест побараа линеарно зголемување на пензиите
Македонија

Тетовските пензионери на протест побараа линеарно зголемување на пензиите

13/09/2023

AA

Пензионери од Тетово вечерва од 18 часот се собраа на градскиот плоштад за да искажат незадоволство и да побараат власта да ги зголеми ниските пензии затоа што тешко се справуваат.

– Бараме нешто што ни следува. Линеарно зголемување кај сите пензионери за 3.500 денари, покачување на минималната пензија на 18 илјади денари, да се врати бањско-климатското лекување на пензионерите, да се стават што повеќе лекови на позитивната листа, да нема партиципација при прегледи во здравство. Едноставно, работи што навистина ни следуваат, рече Селвер Мемети, претседател на Здружението на пензионери.

Пензионерката Ленче Симовска порача дека младите гледајќи ги проблемите на повозрасните си заминуваат од државата.

– Дали власта не гледа дека секојдневно излегуваме на улици и бараме спас за нашиот достоинствен живот. Денес изјавија дека само 6 отсто можеле да ни дадат. Велат дека пензискиот фонд немал пари. Не е точно тоа. Пензискиот фонд има пари. Прашањето е каде отишле тие пари. Секојдневно нашите деца и внуци не гледаат како излегуваме на овие протести и не прашуваат дали и тие ќе го доживеат ова. Дали и нив ги чека ваква иднина. Затоа тие деца денес ние бегаат по бел свет. Не бегаат тие од нас, бегаат од системот, се плашат за иднината, истакна Симовска.

Досега, пет недели по ред, тетовските пензионери се собираат пред објектот на Здружението на пензионери каде јавно ги истакнуваат нивните барања. Првпат минатата недела почнаа вечерни протести и на градскиот плоштад.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЗС НА ТЕРЕН ВО ПОВЕЌЕ ПОПЛАВЕНИ РЕГИОНИ Граѓаните добиваат помош

16/02/2026
Македонија

ФОТО Камерата во Тетово покриена со платно е фотографија генерирана

16/02/2026
Македонија

ТРКА ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Советот на ЈО утре дава мислење

16/02/2026
Македонија

СКОПЈАНКА ПОСРЕДУВАЛА ПРИ ПРОСТИТУЦИЈА Тетовец ѝ давал на располагање простории

16/02/2026
Македонија

Исчезнат е Виктор од Прилеп, доколку имате информации пријавете!

16/02/2026
Македонија

НЕВРЕМЕТО НЕ СТИВНУВА Најкритично во Форино и во Кичево, службите

16/02/2026
Македонија

ДОЛГОТРАЈНИТЕ СУДЕЊА СЕ САМО ЗА ПОГРЕБУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА Имаме болна

16/02/2026
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41509
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЗС НА ТЕРЕН ВО ПОВЕЌЕ ПОПЛАВЕНИ РЕГИОНИ Граѓаните добиваат помош за расчистување на куќи и

16/02/2026

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), во координација со локалните власти и населението, продолжува да интервенира по пријавите за поплави

ФОТО Камерата во Тетово покриена со платно е фотографија генерирана со AI

16/02/2026

Фотографија наводно направена во Тетово, на која се гледа сообраќајна камера од системот „Безбеден град“ покриена со парче платно, предизвика

ТРКА ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Советот на ЈО утре дава мислење за петте кандидати

16/02/2026

Советот на јавни обвинители утре на својата 38-ма седница ќе ги разгледува кандидатурите за нов јавен обвинител на Република Северна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy