Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тетовчанец си купи недвижен имот за 300.000 евра од Македонски Железници – Инфраструктура
Економија

Тетовчанец си купи недвижен имот за 300.000 евра од Македонски Железници – Инфраструктура

27/08/2024

AA

Транспортната компанија Ман Експрес на тетовскиот бизнисмен Оливер Стојаноски е нов сопственик на деловните простории на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура што се наоѓаат на булеварот Трета Македонска Бригада помеѓу Кисела Вода и Аеродром во Скопје.

Иако првично проценетата вредност на имотот од 684 метри квадратни пред првата лицитација изнесувала околу 450.000 евра, купопродажбата на крај завршила со договор од нешто повеќе од 300.000 евра.

„Да се изврши продажба на деловни простории во сопственост на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, деловен простор во Скопје, кој се наоѓа на ул. “Трета Македонска Бригада бр. 62”, на КП бр. 6666/10, КО Кисела Вода 2, запишан во Имотен лист бр.55404, со вкупна површина од 684 м2 и тоа, почетна проценета вредност 27.271.000 денари“, гласи владината одлука што како одобрување била објавена на 7 ноември минатата година.

Во меѓувреме на катастарската парцела е запишан нов сопственик – Ман Експрес. Од МЖ Инфраструктура ни потврдија дека тетовската фирма е нов сопственик, но нема информации дали имотот смее да се преуредува за друга намена и кој е мотивот за негова продажба.

„Во врска со вашето прашање подолу, сакаме да Ви одговориме дека со одлука на Владата, јавното претпријатие беше задолжено да спроведе постапка за продажба на деловниот простор на ул.„Трета Македонска Бригада бр. 62“, пришто согласно Владината одлука и позитивните законски норми , односно врз основа на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Северна Македонија, беше објавен јавен оглас за продажба на деловниот објект преку електронска аукција.

Електронската аукција беше реализирана преку сајтот delovenprostor.mk кој го администрира Министерството за транспорт и врски. На аукцијата, како најповолна беше избрана понудата на „Ман Експрес“ којашто беше во висина од 19.089.941 денари“, ни одговорија од јавното претпријатие.

Инаку Ман Експрес, фирма регистрирана во 2017 за услужни дејности во копнениот превоз, за 2023 прикажала приходи од околу 550.000 евра кои нараснале шесткратно за една година. За прв пат била остварена и значајна добивка – околу 400.000 евра. Имала шестмина вработени, а директорка е Милица Савеска од Тетово.

Инаку управата на „Македонски железници – инфраструктура“ е сместена во бараки кои се наоѓаат на улицата „Јордан Мијалков“ („Железничка“), во близина на Министерството за внатрешни работи. Јавното претпријатие подолго време искажуваше заинтересираност да даде дел од просторот, а за возврат да добие нова зграда.

Ова прашање се актуелизираше лани со најавата на изградабата на голем кружен тек кај НИП „Нова Македонија“. Од МЖ Инфраструктура тогаш рекоа дека за ова писмено се известени Градот и општина Центар, дека бараат да им се изгради нов објект во близина, доколку бараките треба да се рушат и да се дислоцира опремата.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy