
Тешко повреден малолетник во Велес по судир меѓу автомобил и мотоцикл
Во сообраќајна незгода во Велес еден малолетник се здобил со тешки телесни повреди по судир меѓу автомобил и мотоцикл.
-На 06.06.2023 во 16.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Андон Шурков” во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел” со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.С.(28) од Велес и мопед „априлија” со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Велес, соопшти МВР.
Како што информира МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

