
Тешка бламажа за црногорскиот фудбал: Будуќност доби петка од исландски Бреидаблик!
Бреидаблик со оваа победа влегува во главните квалификации за ЛШ и веќе за две недели ги чека пресметка со ирски Шамрок Роверс, додека Будуќност како утешна награда добива шанса за поправен во Европа во второто коло од шампионскиот дел во Конференциската лига, каде можен противник е Струга, ако македонскиот првак не го мине Жалгирис во првото коло во квалификациите за ЛШ.
Дека Исланѓаните ќе победат во финалето јасно беше после само пола час од мечот откако го наполнија Будуќност до врв со четири гола, а сѐ почна преку Еинарсон во петтата, па Сигуртсон додаде втор во 22-та, Ејолфсон во 29-та погоди третпат, а канонадата ја заврши Гунлаугсон во 33-та.
Бреидаблик во вториот дел имаше милост, па само додаде уште еден гол за конечни 5-0 преку Сванторсон во 74-та минута.
Овој предквалификациски фајнлфор се игра помеѓу шампионите од четирите најслаби земји на УЕФА-листата, а Македонија е меѓу таквите четири за идната сезона 2024/25.

