Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Телефонски разговор на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи
Македонија

Телефонски разговор на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи

01/03/2026

AA

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи.

Во разговорот, министерот Муцунски го осуди отворениот ирански напад насочен кон територијата на Катар, оценувајќи го како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет. Тој изрази цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар, потврдувајќи ја поддршката за мерките и одлуките преземени со цел заштита на безбедноста и стабилноста на државата.

Министерот Муцунски нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии неопходни се воздржаност, одговорност и засилен дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на мирот и стабилноста во регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОСУДА НА НАПАДИТЕ И ПОВИК ЗА МИР Муцунски во разговор

01/03/2026
Македонија

СПРЕЧЕНА ТРАГЕДИЈА, МАЛОЛЕТНИК САКАЛ ДА СЕ САМОУБИЕ Загрижувачка објава го

01/03/2026
Македонија

Лидерите се собраа во Вила Водно: Во тек седницата на

01/03/2026
Македонија

Телефонски разговор на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни

01/03/2026
Македонија

Истрага во Куманово: Непознато лице истурило сомнителна течност пред зградата

01/03/2026
Македонија

МАКЕДОНЕЦ КРАДЕЛ ЗА ОДИ ВО ЗАТВОР И ДА СЕ ОДВИКНЕ

01/03/2026
Македонија

Почина Горанчо Крстев – Грга, екс градоначалник на Општина Чешиново-Облешево

01/03/2026
Македонија

Телефонски разговор Муцунски – Бин Зајед: Силна поддршка, осуда на

01/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42107
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОСУДА НА НАПАДИТЕ И ПОВИК ЗА МИР Муцунски во разговор со шеикот Бин Зајед упати

01/03/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на

СПРЕЧЕНА ТРАГЕДИЈА, МАЛОЛЕТНИК САКАЛ ДА СЕ САМОУБИЕ Загрижувачка објава го вклучи алармот, полицијата реагираше веднаш

01/03/2026

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше

Лидерите се собраа во Вила Водно: Во тек седницата на Советот за безбедност

01/03/2026

Под претседателство на Гордана Сиљановска-Давкова, попладнево започна седницата на Советот за безбедност, свикана како итен одговор на ескалацијата на Блискиот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy