
Тела на пет лица, меѓу кои и деца, пронајдени во куќа во Оклахома: Полицијата се сомнева дека се работи за убиство
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и умреле од насилна смрт, пренесува NBC News.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно пронашле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство.