Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ТE-ТO е добар проект, бисер од технички аспект“ – Бислимоски за стратешките инвеститори вели повеќе ќе внимаваат на пари, отколку државата
Економија

„ТE-ТO е добар проект, бисер од технички аспект“ – Бислимоски за стратешките инвеститори вели повеќе ќе внимаваат на пари, отколку државата

11/02/2024

AA

Јасно е дека има зголемен број на домаќинства од вообичаеното каде што претпоставката за потрошена електрична енергија очигледно е превисока, кај најголем дел од жалбите кои што се водат кај нас, ние ќе ги прифатиме, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Во интервју за РСЕ, Бислимоски појаснува дека таму каде што не е отчитано во изминатиот период редовно ќе направат ЕВН Хоум конечна пресметка.

–   И тоа ќе ги прифатиме на следниот начин. Доколку периодот на отчитувањето е 90 дена, ќе се направи една конечна пресметка, каде што, првиот блок го сведуваме на дневно ниво, иако е за еден месец тоа е 210 киловат часови, а ако е за 90 дена е 90 по 7, 630 киловат часови. На тој начин ќе му обезбедиме, непотребни количини на електрична енергија да не му одат во четвртиот блок и заради тоа велам дека блоковите, наместо периодот, ако е 90 дена на отчитување, првиот блок нема да биде 210 кило часови, туку ќе биде 630 кило часови, вториот блок ќе биде исто така како што е сега од 630 помножен до 3, така да за да имаат граѓаните реална пресмета – појаснува Бислимоски.

Во однос на предлог законот за стратешки инвестиции во енергетиката во Собранието, Бислимоски вели дека секогаш ќе ги поддржува инвестициите во енергетскиот сектор.

– За овие инвестиции се преговара, се договара некаде од 2019 година и од премиерот Заев и од премиерот Ковачевски, инвестициите како како Митилинеос, Стипион и другите две веќе беа спомнувани повеќе пати во јавноста. Можеме да кажуваме дека сега до крај не е соодветен периодот, но секоја Влада, претпоставувам дека при крајот на својот мандат сака да ги усвои овие инвестиции, кои што се во вредност од речиси 800 милиони евра и со еден од такви проекти да оди на изборите – вели Бислимоски.

Според него, со тој концепт на фидинг тарифа, до сега во државата се направени 130/140 мегавати мали хидроелектрани, ветерни електрани од 72 мегавата и се направија 17 мегавати фотоволтаици, кои што користат повластена тарифа.

– Тој концепт на повластена тарифа не се применува само во Македонија, се применува насекаде во Европската Унија за да може да се привлечат инвеститори, нагласува Бислимоски.

За 30 години независност, според Бислимоски, државата преку државната компанијата ЕСМ, изградила нешто меѓу 140 и 150 мегавати.

– Сето тоа останато што се изгради во енергетскиот сектор, се приватни инвестиции од приватниот сектор. Домашни компании, има и странски компании направија повеќе од 900 мегавати во овие 30 и нешто години, од кои само во последните две години се направени 600 мегавати. Државата во изминатите 30 години, заради кусогледи политики, заради евтин популизам, од аспект- не можеме да градиме, ако градиме ќе ни расте цената, ако направиш нешто да, тоа има влијание и на цената. И се доведовме во ситуација да потрошиме речиси 400 милиони евра со разни субвенции во најголем дел за домаќинствата и да го изгаснеме пожарот. Додадената вредност ни е нула – посочува Бислимоски.

Прашан зошто државата да не изгради еден објект, како што е когенеративната централа на Метилинеос, Бислимоски, вели дека покрај Митилинеос, таква инвестиција треба да направи и ЕСМ.

– Но, да видиме за колку краток период може да го направи тоа државната компанија. Ние сега дискутираме ЕСМ да гради, односно државата, ама јас ви тврдам. Ако една проектирана вредност на една инвестиција почне да ја прави ЕСМ, пред се ЕСМ работи по Закон за јавни набавки. Само да нема корупција, да нема мито, да нема ништо, само заради начинот на кој што ни функционира нашиот Закон за јавни набавки, ние ќе имаме сериозен проблем да го имплементираме. Втора работа, од која што се плашам, и на сите ние јасно го гледаме, е корупцијата. Јас тврдам дека приватниот инвеститор, било кој, за било што, многу повеќе води сметка за своите пари, отколку што е државата – нагласува Бислимоски.

Во однос на ТE-ТO, Бислимоски вели дека е одлична термоелектрана и таа ќе си работи.

– ТE-ТO е добар проект. Јас сум експерт, не навлегувам дали била руска, шпанска, италијанска. Тука е во Скопје, бисер ни е од технички аспект. Исклучиво ни помага во делот на стабилизирање на напонот на нашата мрежа и ТE-ТO е одлична термоелектрана. Дај Боже да направевме уште 10 такви големи, мали, насекаде низ Македонија. Не ги направиме – вели Бислимоски.

Имаме, нагласува Бислимоски, неколку проекти кои што се извесни и треба да ги реализираме – тоа е Чебрен, изградба на нова интерконективна врска со Грција и ширење на мрежи за природен гас на државата.

– И сега не успевам да разберам како сите политички елити во државата за овие проекти не се договорат и да кажат „да, ќе ги тераме“. Чебрен не може да го заврши една влада за еден мандат од 4 години, не е тоа како Скопје 2014. Значи, треба време, ама треба да се постигне општ политички консензус – oценува тој. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ШЕСТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ Ќе одговараат

11/10/2026
Македонија

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски

11/10/2026
Македонија

ВОЗАЧ ОД БОСНА ШИБАЛ СО 164 НА ЧАС НА ПАТОТ

11/10/2026
Македонија

11 ОКТОМВРИ НЕКА НЀ ПОТСЕТУВА ДА ЈА ЧУВАМЕ СЛОБОДАТА Честитка

11/10/2026
Македонија

ПУКНА ПРВАТА СДСМОВСКА ПУШКА ВО ПРИЛЕП Филипчевци маршираа на Денот

11/10/2026
Македонија

НАЈМНОГУ ВРНЕЛО ВО ПРЕТОР И ВО ОХРИД Најниска температура измерена

11/10/2026
Македонија

ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА Најстрого е забрането

11/10/2026
Македонија

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ КОН ДРЖАВАТА КАКО КОН ЗАЕДНИЧКИ

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46107
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ШЕСТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ Ќе одговараат за кршење на работниот ред

11/10/2026

Против шестмина полициски службеници ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и истовремено ќе бидат суспендирани

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски од Прилеп порача дека Македонија

11/10/2026

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска

ВОЗАЧ ОД БОСНА ШИБАЛ СО 164 НА ЧАС НА ПАТОТ КАТЛАНОВО-СКОПЈЕ Полицијата го привела на

11/10/2026

Лишен од слобода е возач од Босна и Херцеговина, кој возел 164 километри на час на место каде што дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy