Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТАВ Македонија и МВР спроведоа вежба за итни ситуации и вонредни состојби на Меѓународниот Аеродром Скопје 
Македонија

ТАВ Македонија и МВР спроведоа вежба за итни ситуации и вонредни состојби на Меѓународниот Аеродром Скопје 

09/03/2025

AA

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, и Министерството за внатрешни работи денеска, 9-ти март, успешно реализираа вежба за итни ситуации и вонредни состојби на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Денешната вежба за симулација на вонредна состојба имаше за цел да ги тестира во реално време одговорот и ефикасноста на плановите за итни ситуации и оперативниот план за постапување во вонредни состојби предизвикани од дејствија на незаконско постапување, координацијата, комуникацијата и подготвеноста на сите засегнати страни и да осигури дека се исполнети највисоките стандарди за безбедност и сигурност.

За време на вежбата, организирана од страна на аеродромскиот оператор, ТАВ Македонија, сите засегнати оддели на Меѓународниот Аеродром Скопје, и Министерството за внатрешни работи, а поддржани и во соработка со националните служби за одговор при итни ситуации и вонредни состојби предизвикани од дејствија на незаконско постапување, беше симулирана вонредна состојба со пратка од висока вредност, заложници и експлозија со импровизирана експлозивна направа, проследена со пожар во затворен простор во приемниот магацин при Карго центарот на ТАВ Македонија. Вежбата овозможи реална, практична можност за проценка и евалуација на координацијата за брз одговор и ефективноста на меѓуинституционалната координација меѓу одделите на скопскиот аеродром, Министерството за внатрешни работи, локалните и националните служби за итни ситуации и вонредни состојби и другите засегнати страни и чинители.

„Денес сме сведоци на заедничка вежба на аеродромските безбедносни служби на ТАВ Македонија и специјалните полициски сили при МВР – настан од исклучително значење за безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје и патниците. Со оваа вежба демонстрираме подготвеност, координација и професионализам во справувањето со потенцијални закани. Високото ниво на обука, брзината на реакција и соработката меѓу службите се клучни за заштита на аеродромската оперативна безбедност и обезбедувањето на воздухопловството. Ова не е само тренинг – ова е залог за сигурност, доверба и успешна превенција. Благодарност до сите учесници за нивната посветеност и професионалност. ТАВ Македонија продолжува да инвестира во обука и модернизација за да ги одржиме највисоките стандарди на безбедност.“, изјави Перо Лупевски, заменик генерален директор за операции на ТАВ Македонија.

„Преку симулацијата на сценарио на заложничка криза, практично ги тестираме капацитетите на институциите на национално ниво, а исто така го тестираме нивото на подготвеност и брзината на реакција на службите, на владините институции како чинители и на аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Вежбата се одвиваше на исклучително професионално ниво, со соодветна брзина и реакција. Безбедноста на вакви витални инфраструктурни објекти и на секој поединец е од круцијално значење за нас како полиција, бидејќи со сето тоа, со зајакнување и почитување на протоколите за оваа проблематика и нивната имплементација, нѐ мапира нас како држава, но и аеродромот, на високо ниво европско па и светско ниво.“, изјави Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност. 

Вежбата која опфати сложена вонредна состојба предизвикани од дејствија на незаконско постапување, со потенцијална безбедносна закана, има за цел тест на сите засегнати страни за брза реакција и одговор, медицински тимови, кризни комуникации и протоколи за безбедност и обезбедување, и оценка на ефикасноста на плановите за итни ситуации и вонредни состојби на аеродромот, протоколите за комуникација и координацијата меѓу повеќето учесници. 

Оваа редовна целосна вежба за реакција при итни ситуации и вонредни состојби е дел од посветеноста на ТАВ Македонија за почитување на регулаторните барања и континуирано подобрување на стратегиите за управување со кризи.  Согледувањата добиени од вежбата ќе се искористат за усовршување на програмите за обука, ажурирање на процедурите за итни ситуации и вонредни состојби, дополнително подобрување на безбедноста и обезбедувањето на патниците и персоналот и зајакнување на соработката и координацијата со Министерството за внатрешни работи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42409
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен 35-годишник

12/04/2026

Маж од кратовско е лишен од слобода откако пукал со огнено оружје кон возило на лице од Куманово, при што

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од борби во Камењане

12/04/2026

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy