Таткото на Ѓоковиќ предизвика скандал позирајќи со поддржувачи на Путин
Новак Ѓоковиќ игра одлично на Аустралијан Опен и важи за голем фаворит за освојување на трофејот во пресрет на полуфиналните мечеви, но неговите дуели донесоа и неколку проблематични ситуации во Мелбурн, пишува Дерби.
Покрај отстранувањето и апсењето на навивачи на српскиот тенисер кои на трибините донеле про-руски транспаренти, сега во центарот на вниманието е и таткото на ѕвездата.
Срѓан Ѓоковиќ се фотографирал со фанови кои носеле руски знамиња, слики од Владимир Путин, како и контроверзниот симбол „З“, па западноевропските медиуми веднаш го прогласија ваквото однесување за скандалозно.
Фотографиите се проширија на социјалните мрежи, со што само го зголемија притисокот врз организаторите, кои сигурно ќе имаат слични проблеми и во пресрет на завршните мечеви.
На турнирот во Мелбурн се забранети руски и белоруски знамиња и симболи откако во првото коло беше развеано руско знаме на дуелот меѓу Русинката Рахимова и Украинката Баиндл.