Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таткото на Нермин Сулејмановиќ: Само пијам апчиња, гледам во таванот и си замислувам дека не знам ништо
Регион

Таткото на Нермин Сулејмановиќ: Само пијам апчиња, гледам во таванот и си замислувам дека не знам ништо

15/08/2023

AA

Фикрет Сулејмановиќ, татко на убиецот од босанскиот град Градачац, Нермин Сулејмановиќ, откри дека се срами од својот син. Пред четири дена, син му уби 3 лица, а потоа се самоуби. 

„Мајка му почина пред неколку години, таа живееше со него. Полицијата го знаеше подобро, само да го уапсеа навреме, да го отстранеа, да направеа било што… но видовте дека никој не се занимавал со тоа, па чекавме да експлодира и го направи тоа што го направи“, вели Фикрет.

Тој раскажа дека претходно се сретнал со својата снаа Низама Хеќимовиќ, која синот ја уби во петокот. Таткото на Нермин тогаш се надевал дека син му се смирил.

„Решив еден ден да ги видам, па ја наведнав главата и отидов кај нив. Ги видов Низама и бебето пет минути. Бев среќен. Имаше дете, мислев дека ќе се подобри, дека ќе биде подобар поради бебето. Сепак, тој остана ист. Кој не би се надевал дека неговото дете ќе биде подобро, кој не би?“, прашува разочараниот татко.

Вели дека од болка не може ни да мисли на масакрот.

„Само пијам апчиња и гледам во таванот и си замислувам дека не знам ништо“, додава таткото на убиецот. 

Нермин ја уби сопругата пред викендицата во Шибовац, недалеку од Градачац, додека нивната ќерка лежела во локва крв и плачела. Тој ја прашал жената зошто го пријавила во полиција, а таа му одговорила дека се плашела за себе и за детето.

Откако ја претепал и убил својата невенчана сопруга, Нермин убил уште две лица, татко и син (23), турски државјани, Џенгиз Ондер и Џенгиз Денис. Ранета е и сопругата на убиениот, која е во критична состојба на Клиниката за анестезиологија и реанимација во Тузла.

Претходно денеска медиумите објавија дека никој не сака да го преземе телото на Нермин Сулејмановиќ, дури ни неговото семејство, и не се знае кога ќе биде погребан.

Убиството поттикна протести во повеќе босански градови. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ахмети најави повлекување: Нема да останам цел живот претседател на

13/06/2026
Македонија

Јакимовски тврди дека пресудата сѐ уште не му е врачена,

13/06/2026
Македонија

Проблеми со апликацијата „Мој ДДВ“: Корисниците не можат да скенираат

13/06/2026
Македонија

Едно лице приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство

13/06/2026
Македонија

Приведени девет возачи за безобѕирно управување возило – сите возеле

13/06/2026
Македонија

Полициска акција на повеќе локации: Уапсени 12 лица поради дрога!

13/06/2026
Македонија

Приведени две лица од скопско – при преглед во возилото

13/06/2026
Македонија

Предлог притвор за 36-годишник: Со месеци силувал 12-годишно девојче во

13/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43746
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ахмети најави повлекување: Нема да останам цел живот претседател на ДУИ!

13/06/2026

ДУИ продолжува со процесот на подмладување на своите партиски структури, а претседателот Али Ахмети најави дека и самиот во иднина

Јакимовски тврди дека пресудата сѐ уште не му е врачена, a добил упатен акт за

13/06/2026

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, тврди дека се соочува со правна и политичка неправда откако добил упатен акт за

Проблеми со апликацијата „Мој ДДВ“: Корисниците не можат да скенираат сметки!

13/06/2026

Граѓаните веќе трет ден се соочуваат со проблеми при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, која не е целосно функционална и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy