Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“
Економија

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

01/04/2025

AA

„Коморското работење и начинот на функционирање, како и темите што се опфаќаат нудат една сестраност, која на друго место во државава тешко може да се оствари. Таквиот преглед на отворени прашања на теми за различни сектори и индустрии, фокусирани на едно место, и големиот круг познанства и компании може да овозможат развој во кариерата“, изјави Татјана Штерјова-Душковска, генерален секретар на КИФ, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески. Според Душковска, Комората нуди сестран пристап на стекнување знаења и на познавање на темите, нешто што не постои во другите институции.

Во разговорот Душковска ги изнесе активностите на кои ќе работи во Комората по истекувањето на нејзиниот мандат како генерален секретар на КИФ, а кои ќе бидат насочени кон спроведување на реформските агенди што ги подготвиле владите во регионот врз основа на планот за раст за побрзо приближување кон ЕУ. Во реформската агенда Стопанската комора ќе ја има водечката улога во реализацијата на мерките за креирање поповолно бизнис-опкружување.

Запрашана за тоа кои искуства може да се искористат од Коморскиот инвестициски форум за подобрување на трите сегменти на кои е фокусирана Комората во своето работење – 1) регионалната соработка, 2) завршувањето на процесот на дуално образование и пренасочување на стекнувањето вештини во високото образование и 3) извозот – Душковска истакна дека во третирањето на сегментот на дуалното образование Стопанската комора на Македонија има најголем напредок, нешто што го покажуваат и бројките години наназад. Според неа, најдобро е што се започна со системско уредување на процесот, а најголем проблем на почетокот бил да се убедат компаниите да се вклучат во процесот, кој е од нивни интерес. Проектот на Регионалниот фонд за предизвици за обезбедување грант за училиштата и за компаниите е само поддршка во тој процес. Во сегментот на извозот Душковска објасни дека активностите на КИФ имале различни приоди во директната поддршка на компаниите, од причина што многу индивидуални компании се наоѓаат на различно ниво и на различен степен на подготвеност да се носат со пазарните сили на единствениот пазар. За таа цел, активностите на КИФ биле насочени кон подготовка на алатки и на дигитални портали кои нудат информации, за да им помогнат на фирмите подобро да се позиционираат. Во таа насока, малите и средни компании биле подготвувани за настап на саеми заради претставување на сопствените производи и услуги, во соработка со експерти.

„Стратешки се насочуваме кон тоа да добиеме директен влез на единствениот пазар на ЕУ, но мора да признаеме дека многу мал дел од компаниите во моментов се подготвени да излезат на пазарот и соодветно да се носат со конкуренцијата на него.“

Во продолжение на разговорот Душковска даде свое видување за економската состојба во нашата земја. Смета дека процесот на трансформација на системот трае предолго, а како решение го истакнува тоа дека мора посветено да се работи и секој да се фокусира на тоа да ја заврши својата работа.

Во поткастот Душковска открива детали и за приватниот живот. Таа ја прифаќа критиката како составен дел од работата, како нешто што ја води да оди напред. Доживотното учење го смета за предизвик и истакнува дека низ работниот процес постојано учи и ужива во тоа.

Линк до видеото.

https://youtu.be/65oJqJ1lNmE?si=2XbeXjlFdXgWUXMZ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ НЕМА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО КОСКИ ОД МИНАТОТО Премиерот

23/10/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ВЕЛЕШАНЕЦОТ КОЈ НУДЕЛ „КУБАНСКИ ВАКЦИНИ“ ПРОТИВ РАК Обвинителството

23/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ ПОВТОРНО СО ПОРАКА ДО СКОПЈЕ, УСТАВНИ ИЗМЕНИ ЗА НОВ

23/10/2026
Македонија

ТРОЈЦА ЛАУРЕАТИ СО ДРЖАВНАТА НАГРАДА „23 ОКТОМВРИ“ Јолевски за уметноста,

23/10/2026
Македонија

ТАТКОВИНАТА СЕ СОЗДАВАШЕ НИЗ ЛЕЛЕЦИ И КРИЦИ, НЕ СО АПЛАУЗИ

23/10/2026
Македонија

ГО НАМАМИЛЕ, ГО НАПАДНАЛЕ И ГО ОГРАБИЛЕ Вработена спречила можен

23/10/2026
Македонија

📽️ ВО ЖИВО: „СВОИ НА СВОЕТО!“ Свечена академија за 23

23/10/2026
Македонија

СОЛУН ЌЕ БИДЕ НАШ И ОВОЈ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД Колони на

23/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46337
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ НЕМА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО КОСКИ ОД МИНАТОТО Премиерот вели дека неговиот фокус се

23/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека неговата задача не е да се занимава со „коски од минатото“, туку да обезбеди иднина

ИСТРАГА ЗА ВЕЛЕШАНЕЦОТ КОЈ НУДЕЛ „КУБАНСКИ ВАКЦИНИ“ ПРОТИВ РАК Обвинителството бара да му биде одземен

23/10/2026

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и

БРИСЕЛ ПОВТОРНО СО ПОРАКА ДО СКОПЈЕ, УСТАВНИ ИЗМЕНИ ЗА НОВ ЧЕКОР КОН ЕУ Кос се

23/10/2026

Еврокомесарката за проширување порача дека Македонија има можност да напредува заедно со другите земји од регионот, но од домашните политичари

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy