
Таравари за средбата со Мицкоски: Ништо посебно, АА ќе си има сопствени советнички листи
Денеска има состанок меѓу премеирот Христијан Мицкоски и претседателот на Алијанса за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари.
Средбата е закажана за во 17 часот во Владата.
Сепак пред средбата, Таравари вели дека не очекува ништо посебно, бидејќи, тие се во постојана комуникација.
Таравари рече дека на оваа средба ќе се разјаснат некои прашања кои на Мицкоски му се нејасни.
„Имаме состанок со премиерот Мицкоски, ништо посебно не е. Ние тоа што сме го поминале на Централно претседателство е дека АА ќе има сопствени советнички листи и најверојатно сопствени кандидати за градоначалници во општините каде излегуваме. Ќе го слушнеме премиерот и ќе процениме како продолжуваме натаму“, изјави Таравари.