Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СВЕТСКА БАНКА: ПРИОРИТЕТ Е СОЗДАВАЊЕ ПРИВЛЕЧНИ РАБОТНИ МЕСТА – Македонија се потпира на микро и мали претпријатија
Економија

СВЕТСКА БАНКА: ПРИОРИТЕТ Е СОЗДАВАЊЕ ПРИВЛЕЧНИ РАБОТНИ МЕСТА – Македонија се потпира на микро и мали претпријатија

24/01/2024

AA

Надградувајќи на успешното 30-годишно партнерство, Групацијата Светска банка и Македонија ќе соработуваат во  зајакнување на конкурентноста на земјата, развивање на човечкиот капитал и зајакнување на отпорноста на климатските промени, се вели во новата стратегија за периодот 2024-2028 година, дискутирана денес од страна на Бордот на извршни директори на Групацијата на Светска банка.

Стратегијата ја истакнува потребата за Македонија да го поттикне растот во создавање на повеќе работни места во контекст кој продолжува да се потпира на микро и мали претпријатија со ограничен пристап до вештини и финансии потребни за иновации и раст на сѐ поконкуретни домашни, регионални и глобални пазари. 

Немањето доволно можности за динамични работни места ја поттикнува имиграцијата, ги продлабочува  демографските предизвици и го попречува подобрувањето на продуктивноста.

– За да се одржи развојот на Северна Македонија, приоритет е создавање на привлечни работни места, особено за младите – вели Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Македонија. 

Тој дополни дека треба да се создадат услови приватниот сектор да биде двигател за раст и создавање работни места, подобрување на основните вештини кај децата и подобрување на социјалните и здравствените услуги и на тој начин Македонија ќе се развива како атрактивна инвестициска дестинација. 

– Стратегијата предвидува обновени напори за промовирање на поголема поврзаност со регионалните и глобалните пазари за да се олесни трговијата и напредокот во пристапот на Северна Македонија кон Европската унија.

Во поддршка на спроведување на новата стратегија, Светска банка за Македонија планира да обезбеди околу 700 милиони евра финансирање во следните пет години, придружено со советодавни програми и техничка помош – укажа Паолучи.

Стратегијата потврдува дека поттикнувањето на растот и создавањето нови работни места ќе бара дополнителни реформи за подобрување на конкурентноста. Таа  ќе поддржи насочени интервенции во областите на одговорност на јавните институции и фискална одржливост за подобрување на квалитетот на испораката на јавните услуги. 

Стратегијата, исто така, ќе го поддржи преминот кон почисти извори на енергија, имајќи предвид дека Македонија во моментов се потпира на високо загадувачки лигнит и нафта за 70 отсто од своите енергетски потреби и за проширување на климатски отпорна инфраструктура за да се ублажи влијанието на поплави, лизгање на земјиштето и шумски пожари.

Зелената транзиција ќе добие значителен поттик од зголемената поддршка од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка.

– Потребно е вклучување на приватниот капитал за инвестирање во обновлива енергија и енергетска ефкасност, за да се одржи траекторијата на одржлив развој на Северна Македонија. Ние исто така сме посветени кон проширување на пристапот до финансирање на микро, мали и средни претпријатија и инвестирање во модерна комерцијална и индустриска инфрастуктура – истакна Никола Маркие, регионален директор за Западен Балкан при ИФЦ.

Покрај дискусијата за новата стратегија за Северна Македонија, Бордот на извршни директори на Светска банка минатата недела одобри два нови инвестициски проекти за земјата. Вториот проект за подобрување на социјалните услуги во износ од 27.5 милиони евра,  се усогласува со севкупната стратегија за зајакнување и проширување на реформите, со цел да се подобри пристапот и квалитетот на социјалните услуги, како и раното детско образование и грижа. 31 милион евра дополнително финансирање за Проектот за надградба и развој на патиштата ќе помогне на Северна Македонија за подобрување на транспортната поврзаност долж делницата од Коридор VIII, помеѓу Скопје и Деве Баир. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЃАВОЛОТ ЈА ПЛАТИЛ КАЗНАТА ОД 8.000 ЕВРА ШТО МУ ЈА

30/09/2026
Македонија

ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ СЕ ЈАСНИ Мицкоски за

30/09/2026
Македонија

ФАТЕНИ ТРОЈЦАТА ПОЛЈАЦИ ШТО УПАДНАА ВО ВОЕН МАГАЦИН И ПОБЕГНАА

30/09/2026
Македонија

ПЕШТЕРСКИ ПАТРИОТИЗАМ • ОСТРИ КРИТИКИ ОД БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР БЛАГОЕВ Цар

30/09/2026
Македонија

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле

30/09/2026
Македонија

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45888
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЃАВОЛОТ ЈА ПЛАТИЛ КАЗНАТА ОД 8.000 ЕВРА ШТО МУ ЈА ОДРЕДИ КРИВИЧНИОТ СУД Адвокатот Стафа

30/09/2026

Осудениот во случајот „Синџир“ Љупчо Пецов – Ѓаволот, кој беше осуден на условна казна затвор од 2 години на 2

ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ СЕ ЈАСНИ Мицкоски за темите што ги кочат евроинтеграциите

30/09/2026

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата за кочењето на евроинтегративниот пат и дали ќе

ФАТЕНИ ТРОЈЦАТА ПОЛЈАЦИ ШТО УПАДНАА ВО ВОЕН МАГАЦИН И ПОБЕГНАА Им се придружија на останатите

30/09/2026

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка ги уапсија тројцата полски државјани К.В. (49), О.А.Б. (56) и С.К.З. (55), кои

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy