Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сведочења во судењето за „Онкологија 2“: Терапијата не беше навремено достапна, молевме по луѓе, нашите пријатели се јавуваа кај тогашниот директор и потоа ни беше давана!
Македонија

Сведочења во судењето за „Онкологија 2“: Терапијата не беше навремено достапна, молевме по луѓе, нашите пријатели се јавуваа кај тогашниот директор и потоа ни беше давана!

06/11/2025

AA

Со сослушување на сведоци во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој се обвинети поранешниот медицински директор Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи. Случајот е во доказна постапка, а обвинението го застапува јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска.

На денешното рочиште беа сослушани тројца сведоци: доктор Ненад Митревски, членката на управниот одбор Биљана Гроздановска и Гоце Кузев, чии татко се лекувал на Клиниката за Онкологија.

Доктор Митревски, онколог на Клиниката, сведочеше за пациент кој примал хемотерапија во комбинација со биолошка терапија. Тој нагласи дека стандардната доза на лекот бевацизумаб за таа индикација е 400 мг на три недели, додека документ со препишана доза од 1600 мг ја оцени како превисока доза за конкретниот пациент. Митревски негираше дека ја препишал таа доза, ниту дека бил известен за прешкртан препис во извештајот. Иако рече дека повисоки дози се индицирани за други случаи, за конкретниот пациент изјави дека не требало да ја прими таа количина.

По увид во материјалниот доказ, одбраната констатираше дека дополнението во извештајот се однесува на препорака, а не на тоа дека е дадена таква доза.

Биљана Гроздановска, член на Управниот одбор на Клиниката, сведочеше за начинот на носење одлуки во Управниот одбор. Таа објасни дека одлуките за набавка биле условени со претходна согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.

„Управен одбор за различните прашања кои беа од областа на сметководството и финансиите и право, задолжително повикуваше економист на седниците, правник беше присутен на секоја седница на управниот одбор, а беа повикувани и директорите во зависност од дневниот ред да дадат образложение“, образложи Гроздановска.

Таа потврди дека се случувало да бидат свикани на итна седница, за која била доставувана документација, но не секогаш во рамките на предвидениот рок од три дена и не секогаш во целост. Изјави дека не се сеќава дали биле презентирани ревизорски извештаи или дали управниот одбор бил информиран за пречекорување на буџетот. Во однос на терапијата на реверс, рече дека никогаш не била тема на седница, иако Васев во неколку наврати споменал дека нема намера да зема терапија на реверс.

„Се бараше ребаланс секогаш и директорите нѐ известуваа дека очекуваат прилив на средства со ребаланс на буџетот“, рече Гроздановска.

Гоце Кузев сведочеше како син на пациент кој се лекувал на Онкологија. Тој изјави дека терапијата за неговиот татко никогаш не била навремено достапна.

„Бидејќи никогаш ја немаше добиено навремено, бевме загрижени и молевме по луѓе, тие наши пријатели се јавуваа кај тогашниот директор и потоа ни беше давана. Мислам дека сестрата се викаше Цаци и ја даваше на вториот спрат каде што беше неговиот кабинет. Ја даваше некогаш од клиничка аптека, некогаш ја повикуваше сестрата и ѝ ја даваше од канцеларијата, па се симнуваме доле да ја аплицираме“, рече сведокот.

Кривичниот суд во јуни годинава го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра.

Обвинетите Васев и Нухи на почетокот негираа вина за делата кои им се ставаат на товар. Одбраната тврди дека обвинението против нив е неосновано и политички монтирано врз основа на економско вештачење од лица кои се исто инкриминирани.

Покрај ова, против Васев и уште двајца лекари онколози се води уште еден случај, „Онкологија 1“, за несовесно лекување пациенти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy