Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Свечено отворање на Dioptra Optic Urban Concept – првиот store-in-store оптички концепт во Македонија
Македонија

Свечено отворање на Dioptra Optic Urban Concept – првиот store-in-store оптички концепт во Македонија

15/08/2025

AA

Синоќа во скопско Дебар Маало се одржа свеченото отворање на Dioptra Optics Urban Concept – модерен, урбан и единствен простор сместен во градското јадро веднаш наспроти Универзална сала.

Dioptra Optics, која е лидер во оптичката индустрија со повеќе од 32 години искуство, со овој проект за прв пат во Македонија воведува store-in-store модел, со ексклузивни зони на два светски реномирани брендови: Etnia Barcelona – позната по своите автентични рамки со живописни бои, смели комбинации и уметнички дизајн кои ја носат енергијата и духот на Барселона и Moscot – легендарен њујоршки бренд со повеќе од еден век историја, препознатлив по иконските модели кои се синоним за безвременски стил и врвен квалитет.

„Овој последен проект го создадов со визија, ентузијазам и страст за да понудам нешто сосема ново и свежо – простор кој е максимално хедонистички и наменет за уживање. За прв пат во Македонија воведуваме store-in-store концепт на два светски реномирани брендови – Etnia Barcelona и Moscot.
Особено сме горди што Etnia Barcelona за прв пат има ваков концепт и во светски рамки, а тоа е овозможено благодарение на нашите клиенти, кои се презадоволни од брендот и со својата лојалност нè мотивираа да им го донесеме ова искуство.
Со ова, секој љубител на Etnia Barcelona во Македонија ќе може да ужива во брендот како да е во Шпанија и да ја доживее магијата на неговиот колорит, уметнички дух и автентичен стил.” – рече сопственичката Марија Костуранова по повод свеченото отворање.

Посетителите на Dioptra Optics Urban Concept можат да доживеат целосно ново искуство – да изберат очила од најновите колекции, да уживаат во свежо подготвено кафе или ароматична matcha и сето тоа во пријатна, pet-friendly атмосфера каде и вашите миленичиња се добредојдени.

“Сакав купувањето очила и посетата во оптика да бидат вистинско задоволство – момент на уживање, инспирација и мир. Со многу труд, посветеност и вложувања, Dioptra Optics Urban Concept е токму тоа – место каде модата, стилот и технологијата се спојуваат во уникатно искуство кое инспирира и разгалува.“ – надополни Костуранова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy