Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Супервештачењето утврди пропусти по царскиот рез на Јилдиз Веапоска: Одговорноста ја носи гинекологот Мухамед Асани
Македонија

Супервештачењето утврди пропусти по царскиот рез на Јилдиз Веапоска: Одговорноста ја носи гинекологот Мухамед Асани

19/11/2025

AA

Супервештачењето на Судско–медицинскиот одбор при Медицинскиот факултет во Скопје утврдило сериозни пропусти во постоперативната нега на Јилдиз Веапоска од Дебар, родилка на која по породувањето и биле отстранети матката, јајникот и бубрегот. На денешното рочиште во Основниот суд во Струга беше презентиран извештајот кој ја утврдува одговорноста на првообвинетиот, гинекологот Мухамед Асани, кој ја извршил интервенцијата.

Според изнесеното од д-р Верица Попоска од Институтот за судска медицина, второобвинетиот Блертон Асани, кој тогаш бил специјализант, не можел да сноси одговорност за текот и последиците од интервенцијата. Одговорност не беше лоцирана ниту кај третообвинетата д-р Лилјана Јовановска, која не била дел од постоперативниот третман на родилката.

Вештачењето покажало дека состојбата на пациентката се влошила уште на 27 август 2020 година, веднаш по царскиот рез. Анализите укажувале на значителен пад на вредностите во крвната слика, но, како што истакна Попоска, не биле преземени неопходните дијагностички мерки за да се утврди причината за влошувањето.

„Пропусти се направени постоперативно. Ако навреме се спроведеа потребните дијагностички постапки, веднаш ќе требаше да се пристапи кон хируршка интервенција за да се спречи масивното крварење. Тоа ќе го избегнеше драматичното влошување на четвртиот ден, кога пациентката веќе била во хеморагичен шок“, појасни Попоска. Таа додаде дека хируршкиот зафат на четвртиот ден бил направен единствено со цел да и се спаси животот.

Според извештајот, пациентката во состојба на шок прво била оперирана во Струшката болница, каде биле отстранети матката и левиот јајник, а потоа и левиот бубрег. Бидејќи продолжувала да губи крв, таа била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје, каде е направена уште една интервенција – подврзување на левата бубрежна артерија.

„Пациентката и понатаму била во животна опасност. Доколку не беше префрлена во Скопје, исходот ќе беше фатален“, нагласи Попоска. Тројцата членови на супервештачкиот тим изјавија дека во нивната долгогодишна пракса досега не се соочиле со ваков случај.

На денешното рочиште, јавната обвинителка Ермира Муса–Нура предложи измени во обвинителниот предлог. Одбраната побара дополнително време за разгледување, а обвинетите тврдеа дека не го разбрале новиот текст и дека не биле присутни во постоперативниот период на пациентката.

Судењето продолжува во петок, кога треба да бидат сослушани обвинетите и да бидат дадени завршните зборови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ослободителна пресуда за Никола Груевски во случајот „Талир“: Апелација ја

26/08/2026
Македонија

Скопје–Блаце како нова врска со регионот: „Ќе донесе развој и

26/08/2026
Македонија

Сончево и топло, но попладне следува пресврт: Невреме со дожд,

26/08/2026
Македонија

Секое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба

26/08/2026
Македонија

Жените доминираат меѓу дипломираните, магистрите и докторите на науки во

26/08/2026
Македонија

Забрана за риболов и пловидба на Мавровското Езеро до 7

26/08/2026
Македонија

Топло низ цела Македонија: Издаден метеоаларм поради високите температури

26/08/2026
Македонија

Нов моторички парк на Водно – паднатите дрвја добија нова

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45261
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ослободителна пресуда за Никола Груевски во случајот „Талир“: Апелација ја потврди одлуката на Кривичен

26/08/2026

Никола Груевски останува ослободен во предметот „Талир“, откако Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство

Скопје–Блаце како нова врска со регионот: „Ќе донесе развој и нови економски можности“

26/08/2026

Изградбата на автопатот Скопје–Блаце треба да донесе нова динамика во регионалното транспортно и економско поврзување на Македонија. Според вицепремиерот и

Сончево и топло, но попладне следува пресврт: Невреме со дожд, грмежи и град

26/08/2026

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy