Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Супер“ Марио го уништи Партизан, Реал се прошета низ Белград
Спорт

„Супер“ Марио го уништи Партизан, Реал се прошета низ Белград

21/03/2024

AA

Иако постојано тврди дека е голем навивач на Партизан, Марио Хезоња вечерва играше без грам емоции и тотално го уништи актуелниот АБА шампион.

Реал Мадрид полесно од очекувањата славеше во Белград со 88-76 и тоа на крилјата на хрватскиот репрезентативец кој имаше своја вечер во Арена. Партизан беше рамноправен до три минути пред крајот на третата четвртина кога и водеше со 54-52, а потоа следуваше серија од 16-0 на Реал со која шпанскиот тим го сврте резултатот во своја корист (68-54 по 30 минути игра) и ги реши сите дилеми околу победникот. До крајот Партизан не успеа да се доближи на едноцифрена негатива.

Иницијатори на таа серија беа Кампацо и Хезоња, првиот ги разигра своите соиграчи, а вториот погодуваше од секоја позиција. Хрватскиот крилен играч го заврши натпреварот со 25 поени, 6 скока и 4 асистенции, а зад него беше Дек со „само“ 13 поени. Кај Партизан, Камински беше најефикасен со 21, а Пантер додаде 16 поени.

Со оваа победа, Реал го обезбеди првото место на крајот од официјалниот дел од сезоната, а Партизан има уште три кола да се избори за десеттото место кое сега го дели со Анадолу Ефес, а утре може да го загуби ако Валенсија го победи Монако.

РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Алба 85-84
Жалгирис – Басконија 94-76
Олимпијакос – Асвел 80-64
Партизан – Реал 76-88

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарите не стивнуваат: Над 15 огнени жаришта низ земјава, четири

21/08/2026
Македонија

Училишна кошничка со попусти до 15 отсто – Владата ќе

21/08/2026
Македонија

МВР: Ако забележите полициски хеликоптер, веднаш приземјете го дронот

21/08/2026
Македонија

Каде најмногу пораснаа платите? Просечната нето-плата во јуни 48.381 денар

21/08/2026
Македонија

82-годишник физички ја нападнал својата 78-годишна сопруга во Велес

21/08/2026
Македонија

Неготинец измамен преку лажна СМС-казна – наместо 460, платил 26.908

21/08/2026
Македонија

Се враќа нормалата во Гостивар: Прекината епидемијата поврзана со водата

21/08/2026
Македонија

Проработе единствениот ПЕТ/КТ скенер во земјава – денеска закажани 9

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45163
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарите не стивнуваат: Над 15 огнени жаришта низ земјава, четири големи

21/08/2026

Пожарите и натаму се активни на повеќе локации низ земјава, а четири од нив се оценети како големи. Директорот на

Училишна кошничка со попусти до 15 отсто – Владата ќе одлучува во вторник

21/08/2026

Родителите би можеле да ги намалат трошоците за набавка на училишен прибор пред почетокот на новата учебна година, доколку Владата

МВР: Ако забележите полициски хеликоптер, веднаш приземјете го дронот

21/08/2026

Поради зголемениот број летачки активности и интензивниот ангажман на хеликоптерите во гасење пожари, извидување и други оперативни задачи, Министерството за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy