Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 21 мај
Магазин

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 21 мај

16/05/2025

AA

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 21 мај откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје заврши доказната постапка и се започна со дополнение на докази. На денешното рочиште дополнителни докази изведуваше Обвинителството помеѓу кои имаше докази за снимките од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање на Вања Ѓорчевска.

На снимката што беше прикажана во Судот, видлив е моментот кога Манев става лопата во возилото „Рено Кангу“. 

– На снимката од 24 ноември 2023 година во 4:29 часот, но реално време 3:29, се гледа како пред куќата на обвинетиот Манев стои обвинетиот Боре Видевски и чека. Манев излегува и се гледа дека од дворот на куќата излегува „Рено Кангу“ и во него влегува Видевски и се упатуваат во насока кон Велес. Овој дел од снимката веќе беше изведен и прикажан на главната расправа, а она што не беше изведено е следново. Откако возилото заминува во насока на Велес, на снимката се гледа како после една минута и нешто, во 3:32 часот истото се враќа назад и застанува пред дворот. Обвинетиот Манев излегува, се упатува кон дворот, односно кон куќата и за кратко време, во 3:34 се враќа во возилото и во десната рака држи лопата и ја внесува во возилото. Седнува на возачкото седиште и заминуваат кон Велес. Ова е датумот 24.11.2023 година, кога е направен првиот обид за грабнување на детето Вања Ѓорчевска, рече обвинителката.

Во изјава за медиуми, обвинителката Ана Стојковиќ, појасни дека снимката била изнесена во одговор на тврдењата на обвинетите во нивните искази дека тие всушност немале мотив да убиваат, туку тргнале да грабнуваат луѓе.

– Но, тоа што тие дополнително се враќаат само за да ја стават лопатата и да ја земат со себе односно ја имаат истата заборавено, укажува токму спротивно од нивните искази, дека тие веќе биле подготвени за убиство. Од таа причина беше изведен и тој како доказ. Не дека ние претходно го немавме. Знаете дека и претходно беа изведувани докази дека тие во своето возило носат лопати, па се враќаат, па ја вадат лопатата. Меѓутоа, ова беше во насока на побивање на нивниот таканаречен мотив даден во одбраната. Апсолутно никако не е поврзано со вината која што стои кај обвинетиот Александар Ѓорчевски затоа што тој никако ниту е обвинет за убиство, туку за помагање при грабнување на детето, рече таа.

На прашање дали сѐ уште го бараат пиштолот, таа одговори дека имаат доволно докази кои укажуваат на вината на сите пет обвинети.

Во врска со несовпаѓањето на чаурата, Стојковиќ појасни дека е стандардна процедура кога Обвинителстовто дава наредба за да се направи вештачење на одредена чаура, таа чаура се спореди со чаурите во системот на МВР, на околност да истата соодејствува со некое оружје или чаури коишто се пронајдени или оружје искористени при кривично правен настан.

-Бидејќи тоа е стандардна процедура во самото вештачење не е наведено таа околност бидејќи не е дојдено до резултати кои што се потврдени односно чаурата при компаративна анализа покажала дека не се совпаѓа со некоја оружје коешто било изведено при кривично правен настан ни со оружје за која што чаура имаат податоци во МВР. Тоа е стандардна процедура и затоа не е наведно воштачењето. Но, бидејќи обвинетиот Палевски инсистираше, манипулираше со јавнсота и со судот дека такво вештачење намерно не е направено Обвинителството со цел да ги побие таквите наводи, ете, се обрати и до МВР до двете лаборатории. Тоа што цела јавност го знае беше потврдено дека доколку и не постои оружјето за да можат да се спореди или доколу не постои испалување од оружјето при не можеме да го поврземе со чаурата со оружјето од коешто е испалено, рече обвинителката.

Прашана дали сѐ уште остануваат на ставот дека мотивот е користољубие, обвинителката Жаклина Трајковска одговори потврдно. 

-Апсолутно во случајов се работи за користољубие. Од самиот почеток до извршувањето на делата, обвинетите заедно се договорале и се кородинирале да ги преземат сите дејствија со цел да си остварат користољубие. Со убистовто на Вања се докажува дека сите заедно ги превзеле дејствијата, само заради таа причина, рече Трајковска.

Причината поради која што не е побарано било каков износ на парични средства или нешто друго, како што дополни „очигледно било во контекст на целта која што сакале да ја остварат, а не дека нема користољубие во случајов“.

Претходно, Обвинителството презентираше дека обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убиството на Вања и Панче, а воедно нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот.

Во изјава за медиуми, бранителите на Палевски и Видевски побараа вештачење на пронајдената чаура. 

Адвокатот Бојан Манев го доведе во прашање недостигот на траги за испукување од оружјето на Боре Видевски во базата на МВР, сметајќи го тоа за контрадикторно. Тој тврди дека има потврда за легалноста на оружјето, но без записи за испукување, што го нарекува пропуст или намерно занемарување.

Адвокатот Јовица Страшевски побара вештачење на чаурата пронајдена на местото на убиството на Панче Жежовски, критикувајќи го Обвинителството што не ги истражило сите регуларни пиштоли. Според извештаите, чаурата не се поклопува со постоечките податоци, а иако Видевски има легална дозвола за оружјето од 1998 година, нема записи за испукување.

На почетокот од денешното рочиште, во делот на доказна постапка, Палевски презентираше службени белешки од видео-докази од камерите на Хотел Романтик, кои, според неговото образложение, потврдуваат учество на три лица, а не четири во грабнувањето на Панче Жежовски.

Главната расправа ќе продолжи со дополнение на доказната постапка и на 21 мај во 10 часот.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на обвинетиот Александар Ѓорчевски, најави дополнение на доказната постапка во делот за имотната состојба на Александар и постапката која се води за денационализација за значителен имот во Кучково.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42407
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од борби во Камењане

12/04/2026

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“,

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче во „голф“, уапсени тројца, па

12/04/2026

Маж од село Камењане е лишен од слобода поради сомнение за вмешаност во борби со кучиња. Претходно, на локалниот пат

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари па се пријавил во

12/04/2026

На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy