Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судењето за таткото на Васил Јованов одложено
Македонија

Судењето за таткото на Васил Јованов одложено

24/06/2025

AA

Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов – младиот возач кој во јануари годинава ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“ – е одложено за 3 септември 2025 година.

Рочиштето кое требаше да се одржи денеска не започна поради отсуство на обвинетиот. Како што појасни судијката Снежана Марковска, поканата до Јованов не била уредно доставена, а судот не добил потврда дека тој лично ја примил.

„Испратено е барање до МВР за ажурирани адресни податоци и за достава на поканата. Повратницата е вратена со печат и потпис, но без доказ дека обвинетиот ја примил поканата“, изјави судијката.

На рочиштето не се појавија ниту адвокатот на Јованов, Сашо Дуковски, за кого исто така нема доказ за уредна достава, ниту сведокот Софија Черепналковска, за која е пријавено дека се наоѓа во странство.

Во меѓувреме, Обвинителството изврши измена на обвинителниот предлог. Наместо за „предизвикување општа опасност“, Јованов сега се гони за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“.

„Се појавија нови докази што наложија измена на фактичката состојба. Новата квалификација е поблага, но прецизнија и се темели на начелото на специјалитет“, објасни јавниот обвинител Александар Марковски.

Судот ќе испрати нови покани до обвинетиот и неговиот адвокат, заедно со изменетиот обвинителен акт.

На денешното рочиште присуствуваше и таткото на Фросина Кулакова, кој изрази сомнеж за тоа што истиот судија го води и овој предмет, и предметот против Васил Јованов. Тој најави поднесување кривична пријава.

Обвинението против Зоран Јованов се однесува на тоа дека во период од ноември 2022 до јануари 2025 година му дозволувал на својот син да управува возило и покрај тоа што немал возачка дозвола и имал бројни прекршоци и претходна сообраќајна историја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот

22/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да

22/10/2026
Македонија

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА

22/10/2026
Македонија

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ПЛАТИ КИРИЈАТА!? Институцијата

22/10/2026
Македонија

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ,

22/10/2026
Македонија

ОЧЕКУВАМ НАСКОРО ДА БИДЕ ВАЛОРИЗИРАН НАШИОТ НАПРЕДОК ВО РЕФОРМИТЕ И

22/10/2026
Македонија

ВИНИЧАНЕЦ ЌЕ ДОБИЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЕДНА СЕМКА OД КАНАБИС

22/10/2026
Македонија

ЖИВЕЕМЕ ВО ЕДЕН ОД НАЈПРЕДИЗВИКУВАЧКИТЕ ПЕРИОДИ ВО ИСТОРИЈАТА! Мицкоски пред

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46326
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот круг граѓаните да гласаат по

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да гласаат по свое убедување во

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА СИ ЗАМИНЕ На СДСМ му

22/10/2026

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да застане на чело на СДСМ, но смета дека во овој момент не треба

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy