Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судењето за „Таргет-Тврдина“ одложено за 4 октомври
Македонија

Судењето за „Таргет-Тврдина“ одложено за 4 октомври

19/09/2023

AA

На барање од Јавното обвинителство, во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“.

На денешното рочиште судијата Илија Трпков информирал дека до судот пристигнал поднесок од Јавното обвинителство во врска со измените на Кривичниот законик, кои влијаеле на правната квалификација на кривичните дела и на обвинителниот акт.

– Имајќи ги предвид одредбите од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, односно правните прашања кои произлегуваат од истиот и нивното влијание на правната квалификација на кривичните дела за кои се гонат обвинетите додека се донесе соодветна јавнообвинителска одлука, барам да се одложи закажаната расправа, стои во поднесокот од Обвинителството.

По што судијата го насрочил следното рочиште за 4 октомври, оставајќи простор на Јавното обвинителство да прецизира и да се осврне на правната квалификација.

Со новите измени во Кривичниот законик, со кои беа намалени казните за кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ „злосторничко здружување“, се отвори можност за застарување на некои од кривичните дела за кои се гонат обвинети во предметите кои ги отвори поранешното Специјално обвинителство, меѓу кои и во предметот „Таргет-Тврдина“, кој се суди по втор пат откако Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда.

Во првичната пресуда за нелегалното масовно прислушување, обвинетите добија затворска казна вкупно од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. По 15 години добија Горан Грујевски и Никола Бошковски, шест години му беа изречени на Тони Јакимовски, четири на Гордана Јанкуловска и три на Надица Николиќ. Условни затворски казни во траење од две години им беа изречени на Маријан Шумуликоски, Владимир Варелов, Васил Исакоски, Валентина Симоноска и Силвана Златова.

Според првичниот обвинителен акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4 286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.

Судскиот процес од првичната постапка започна на 22 декември во 2017 година против 11 лица. Беа одржани 53 рочишта, на кои се сослушаа 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани беа и над 200 оштетени лица.

Апелациониот суд во декември минатата година ја укина првостепената пресуда и предметот го врати на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
Македонија

Декларацијата за независност – сведоштво напишано со срце и на

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41480
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои возеле без дозвола, без возила

14/02/2026

Вчера полицијата го зајакна присуството на патиштата низ целата држава и лиши од слобода 15 возачи, од кои две малолетници,

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и снег

14/02/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Во источните региони ќе

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската соработка

14/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари значајна средба со Гинтер Крихбаум, државен министер за Европа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy