Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судење за Фросина: Васил призна вина – пред сообраќајката поминал и на две полни ленти
Магазин

Судење за Фросина: Васил призна вина – пред сообраќајката поминал и на две полни ленти

09/05/2025

AA

 Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото.

Обвинетиот Васил Јованов, кој е редовен студент и беше спроведен од затворски притвор, пред Судот рече дека го разбира делото за кое е обвинет и призна вина.

– Најпрво сакам да изразам најдлабоко сочувство на целото семејство и да се извинам за тоа што сум го сторил. Никогаш не сум можел ниту да помислам за вакво нешто. За вината, да судија виновен сум, рече Јованов.

Во судница, присутни беа родителите и сестрата на трагично починатата Фросина, како и родителите на обвинетиот Васил.

Обвинителот Александар Марковски во воведниот збор рече дека ќе докаже возачот Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова која поминуваше на пешачки премин – тоа го сторил со умисла. На првото рочиште, обвинителот Марковски рече дека ова не е само несреќа во која навидум еден маж, прегазил жена. Обвинителот посочи дека сообраќајката е последица на низа сообраќајни пропусти. Затоа, рече обвинителот Марковски, возачот Васил Јованов, се гони за најтешката квалификација на кривичното дело.

Обвинителот рече дека тие ќе се трудат да докажат дека, за нецела минута пред критичниот настан, сторил и други пропусти од сообраќајна природа.

„Од типот на цик-цак возење, поминување на две полни ленти. Не се релевантни од кривична природа, но се докази за умислата за кривичното дело за кое се товари.“, рече обвинителот.

Тој посочи дека за сѐ имаат докази.

„Навидум еден маж, прегазил една жена. Но не е така. И ова не е така поради медиумската помпа или поради тоа што се случила на популарно место. Ова не е обична сообраќајка поради начинот на кој е сторена, односно големиот број на сообраќајни пропусти на строител, а највеќе поради загубата на животот на младата Фросина Кулакова. Овие околности придонесоа, правна квалификација, во нејзиниот најтежок квалифициран облик. За вакво нешто, за да се утврди, беа прибавени докази во поприличен број. Четири вештачења, од кои се издвојува сообраќајното вештачење кое е податливо. Беа испитани осум сведоци од кои најголем број се очевидци, има материјални докази. Обвинетиот е осудуван, иако тој не спомена дека бил осудуван кога ги даваше своите генералии“, рече обвинителот.

Камелија Кулакова, мајка на загинатата Фросина, побара најстрога казна за возачот Васил Јованов. 

„Барам највиска казна, барам правда. Не за одмазда, барам највисока казна за правда. За утре ниту едно дете да не се најде на местото на Фросина. Ве молам не дозволувајте животот на Фросина да заврши во празнина. Ве молам покажете дека правдата има душа, и дека злосторството не смее да помине како сенка. Правдата нема да ми ја врати Фросинче. Но ќе ми ја врати вербата дека нејзината смрт не била залудна“, рече Камелија Кулакова, мајка на загинатата девојка.

Бранителот на Васил Јованов, адвокат Сашко Дуковски, пред судот побара да се оттргне, како што рече, една голема невистини за сега обвинетиот Васил, дека е наркоман, нагласувајќи дека тој е спортист.

– Васил е спортист и за тоа доставувам потврда за членство во бокс клуб, освоени медали и благодарници. Доставувам и потврда од ракометната федерација дека Васил е лиценциран играч за РК Пролет 62 за сезона 2021-22 година, изјави Дуковски.

Дуковски, исто така, нагласи дека не го спорат присуството на алкохол во крвта, но дека во вештачењата нема никакво присуство на дрога. – Тоа судот може да го утврди во направените вештачења, рече Дуковски.

Судијката Снежана Марковска, на почетокот на денешното рочиште информираше дека поради неуредна покана шест сведоци не се присутни.

На 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години. 

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти вклучително и сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Со вода почна да се полни градилиштето каде настана

25/05/2026
Македонија

Савески за кочанската трагедија: По изведување на доказите ќе се

25/05/2026
Македонија

Уапсени14 возачи за безобѕирно управување возило, 9 возеле без возачка

25/05/2026
Македонија

Уапсена мајката: Малолетничка со породилни болки донесена на Клинички

25/05/2026
Македонија

ФОТО Хаос на градилиште, се сруши дел од ископот –

25/05/2026
Македонија

Деветгодишно дете нападнато од други малолетници, добил и закани од

25/05/2026
Македонија

Македонското здружение на Србите што демонстрираше поддршка на Вучиќ во

25/05/2026
Македонија

Хорор во кичевско Другово: Ротвајлери нападнале мајка со две малолетни

25/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43454
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Со вода почна да се полни градилиштето каде настана свлечиште

25/05/2026

Градилиштето каде денеска настана свлечиште од попладнево почна да се полни со вода. Претходно имало пумпи, но со свлечиштето и

Савески за кочанската трагедија: По изведување на доказите ќе се добие јасна слика дали правната

25/05/2026

Интервју со републичкиот јавен обвинител за трагедијата во Кочани Републичкиот јавен обвинител, Ненад Савески, во интервју за неделникот „Фокус“ детално

Уапсени14 возачи за безобѕирно управување возило, 9 возеле без возачка дозвола

25/05/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy