Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТУДИРААТ И РАБОТАТ: Младите бараат начин да не бидат целосно на товар на родителите
Економија

СТУДИРААТ И РАБОТАТ: Младите бараат начин да не бидат целосно на товар на родителите

28/05/2024

AA

Студентите во Македонија работат првенствено за да ги
растоварат родителите од трошоци, да заработат некој денар, да задоволат дел од
своите финансиски потреби, но и да стекнат искуство и кога ќе излезат на
пазарот на труд, да имаат побогата професионална биографија.

На огласите, студентите бараат работа со преводи, да
држат часови по странски јазик, работа во бутик, кафуле, кујна, изработка на
семинарски, делење флаери и слично. Некои од нив нагласиле дека за нив е
прифатливо да работат само за викенди или да работат од дома.

„Лично од мое искуство, барав работа за да не бидам на товар на родителите. Хонорарно нешто да заработам за себе. Мислам дека е добро да се
работи, тоа е плус искуство. Најдов работа, прилично лесно и чекам да почнам во
угостителство. Не сум размислувала како ќе го менаџирам времето, спонтано ќе
оди тоа. Знам неколку студенти што работат. Школувањето на студент сепак чини
пари и не е лесно“, вели Михаела од Скопје, студентка.

Студентите објаснуваат дека посебно им е тешко на оние
кои се дојдени од помал град во Скопје за да студираат и потекнуваат од
семејства со скромни примања.

„Најчесто студентите работат за да си обезбедат џепарлак,
да не се стегаат, да имаат пари за некои ситни задоволства. На студентите од
другите градови тие пари им требаат за да преживуваат. Многу од нив мораат да
работат. Јас конкретно не морам, а кога сум работел, тоа било за да не бидам на
товар на моите. Кој сака ќе најде работа. Многу од работодавците не можат да
понудат флексибилни работни услови за студентите и тоа е проблем“, вели
Александар, студент од Скопје.

Лилјана Полевска, социолог објаснува дека високите
животни трошоци ги принудуваат студентите да бараат работа, затоа што
родителите не можат да одговорат на сите нивни барања.

„Родителите  не
можат да им обезбедат сè, а
денешните млади имаат поголеми потреби за разлика од порано и животот е поскап.
Им требаат пари за излегување, за некое парче облека, шминка, а платите на
родителите се такви какви што се и не можат да ги задоволат сите потреби на
студентите“, додава Полевска.

Според последните истражувања,
околу 25 отсто од младите во земјата се
вработени за време на нивното формално образование. Оваа
бројка е во согласност со просекот на Европската Унија(ЕУ),
каде исто така една четвртина од младите работат за време на школувањето.

Податоците на Евростат за 2022 година
покажуваат дека најголем удел на млади луѓе вработени во текот на формалното
образование се забележани во Холандија (73 отсто), Данска (52 отсто) и Германија (45 отсто). Спротивно на тоа, во Романија работат само 2 отсто од студентите, во Словачка (5 отсто) и Унгарија (6 отсто).

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее

04/11/2026
Македонија

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО

04/11/2026
Македонија

ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА МАНИПУЛАЦИИ СО Е-ИНДЕКСИТЕ ДОБИЈА ПРИТВОР Судот го прифати

04/11/2026
Македонија

СМРТНИ ЗАКАНИ, РАСПРАВИЈА И ПРИЈАВА ПРЕД ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Девојката

04/11/2026
Македонија

НА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Ѝ ПРЕТХОДЕЛЕ СМРТНИ ЗАКАНИ И РАСПРАВИЈА

04/11/2026
Македонија

БРИСЕЛ ГИ ПРЕПОЗНА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Позитивно оценети законите

04/11/2026
Македонија

КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ ВАЖНИ И ЗА ВОЕНАТА МОБИЛНОСТ

04/11/2026
Македонија

НЕГИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОД БУГАРИЈА Е ПОЛИТИЧКИ ГОВОР НА

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46582
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее да биде доведен во прашање

04/11/2026

Европската Унија треба да понуди креативни решенија за надминување на долгогодишниот застој во македонските евроинтеграции, без да се доведува во

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО КАФЕАНИ“ Петар Богојески им одржа

04/11/2026

Петар Богојески остана на ставот за машка контрола врз жените и во ново видео им се нафрли на мажите кои

ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА МАНИПУЛАЦИИ СО Е-ИНДЕКСИТЕ ДОБИЈА ПРИТВОР Судот го прифати предлогот на Обвинителството

04/11/2026

Двајцата осомничени за манипулации со електронските индекси на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип добија осум дена притвор. Судија на претходна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy