Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Странски парламентарци велат дека ЕУ и САД водат „попустлива политика“ кон Србија, Ана Брнабиќ им одговори
Регион

Странски парламентарци велат дека ЕУ и САД водат „попустлива политика“ кон Србија, Ана Брнабиќ им одговори

08/08/2023

AA

Бројни парламентарци од Европа и САД бараат меѓународната заедница да го засили притисокот врз Србија. Десетици европски и американски парламентарци испратија заедничко писмо до претставниците на САД, Европа и Велика Британија во кое бараат да ја преиспитаат политиката кон Косово и Србија.

„Српскиот претседател Вучиќ води кон сѐ поголема ескалација на тензиите со Косово. Западот е воздржан во критиките – а тој пристап веќе не функционира, велат политичари задолжени за надворешни работи“, пренесува берлинскиот весник Тагесшпигел.  Како што оценува весникот, ЕУ и САД водат „попустлива политика“ кон Србија од страв дека „Белград ќе се приклучи на рускиот табор“. „Владата на Вучиќ не учествува во санкциите против Москва“, пишува во текстот.

„Рускиот претседател Владимир Путин ужива симпатии меѓу српското население, додека многу Срби одбиваат полноправно членство на нивната земја во ЕУ – членство кое не е на повидок“, заклучува весникот.

Српската премиерка Ана Брнабиќ, како одговор на писмото на парламентарците од ЕУ и САД кои бараат построги мерки против Србија, одговори дека тоа е „добредојдено“ затоа што тоа е „жив доказ“ дека косовскиот премиер Албин Курти навистина „уживал целосна поддршка и охрабрување за поткопување на мирот и стабилноста на Балканот“.

Писмото го потпишаа и претседателите на комисиите за надворешна политика на парламентите на 10 држави,  56 други парламентарци од бројни земји, како и членови на Европскиот парламент, меѓу кои и претседателот на Комисијата за надворешна политика на Британскиот парламент, Алиша Кернс и претседателот на комисијата за надворешна политика на германскиот парламент, Михаел Рот.

„Избегнување на имплементација на постигнатите договори (и Договорот од Брисел со отфрлање на формирањето на Заедницата на српските општини повеќе од 10 години, и Охридскиот договор со кој се бара имплементација на Бриселскиот договор) и поткопување на основните човекови права на Србите на Косово “, напиша Брнабиќ, означувајќи го Косово со ѕвездичка како што е договорено ЕУ.

На Косово со месеци има нереди. Деновиве повторно косовските власти уапсија двајца Срби за наводни воени злосторства. 

Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНАЛА ВО 2006, А СЕ ПОРОДИЛА ВО 2025?! Неверојатен случај

13/02/2026
Македонија

Тетовчанец лажно пријавил дека маж и жена го тепале на

13/02/2026
Македонија

Украл картичка на сограѓанин од Кочани, па си вадел пари!

13/02/2026
Македонија

БУГАРИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ ЗА ТУНЕЛОТ Исполнети се сите услови

13/02/2026
Македонија

Собранието во среда ќе ги разгледа оставките на Бислимовски и

13/02/2026
Македонија

ВОЗЕЛЕ И БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА, НО И ПИЈАНИ

13/02/2026
Македонија

Заврши судскиот процес за четворицата турски државјани обвинети за помагање

13/02/2026
Македонија

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Задушница

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41432
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНАЛА ВО 2006, А СЕ ПОРОДИЛА ВО 2025?! Неверојатен случај во Тетово, институциите истражуваат што

13/02/2026

Неверојатен случај излезе на виделина во Тетово, откако при обид да се запише новороденче во Матичната книга на родените било

Тетовчанец лажно пријавил дека маж и жена го тепале на паркинг!

13/02/2026

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.И.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство’’ и

Украл картичка на сограѓанин од Кочани, па си вадел пари!

13/02/2026

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy