Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стоименов од АПИС: Предлог измените на Законот за игри на среќа се контроверзни и е прашање дали ќе го поминат испитот на уставност
Економија

Стоименов од АПИС: Предлог измените на Законот за игри на среќа се контроверзни и е прашање дали ќе го поминат испитот на уставност

21/02/2023

AA

Иако се уште не сме ги виделе законските измени кои Владата ги
усвоила, од тоа што се слуша, голем дел од превидените законски решенија се
контроверзни и е прашање дали ќе го поминат испитот на уставност, вели во
разговор на „Плусинфо“, претставникот на Асоцијацијата на приредувачи на игри
на среќа (АПИС), Горан Стоименов говорејќи за измените на Законот за игри на
среќа предложени од Владата, а кои што предвидуваат уплатните места за игри на
среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од образовни институции. 

Предложените
измени ќе направат несогледливи последици кои многу тешко ќе може да се
поправат

Имајќи ги предвид и искуствата на земјите од Европа и регионот во
однос на регулација на игрите на среќа, Стоименов истакнува дека не е потребно
да се брза и по секоја цена да се донесат законските измени кои на среден рок
ќе направат несогледливи последици кои многу тешко ќе можат да се поправат.

„Сметаме дека е вообичаена демократска пракса, како странски
инвеститори, претставници на капитал кој доаѓа од земја членка на ЕУ да бидеме
ислушани и нашата експертиза и знаење да биде уважени со цел изработка на
одржливо законско решение во согласност со највисоките светски стандарди за
организирање игри на среќа. Погрешен е
впечатокот дека ние генерално сме против измени на законот за игри на среќа и
забавни игри, туку сме против нелогични, погрешни, популистички и политички
мотивирани измени. Апсурдно е Владата да става Европско знаме на
предложените измени, а истовремено да не ги следи актуелните процеси во
Европа…Иако се уште не сме ги виделе законските измени кои Владата ги
усвоила, од тоа што се слуша, голем дел од превидените законски решенија се
контроверзни и е прашање дали ќе го поминат испитот на уставност. Затоа, не е
потребно да се брза и по секоја цена да се донесат законски измени кои на
среден рок ќе направат несогледиви последици кои многу тешко ќе можат да се
поправат.

Дислокацијата на
објектите на 500 метри ќе предизвика отворање на играчници на црно врз кои државата
ќе нема никаква контрола

Стоименов истакнува дека никој во Групацијата Новоматик и Апекс
Македонија нема интерес во објектите за игри на среќа да влегуваат малолетници
и не се противи на строга регулација на овој бизнис сектор, но смета дека
предложените измени не се вистинското решение за да се заштитат младите.

„Никој од Групацијата Новоматик и Апекс Македонија нема интерес во
објектите за игри на среќа да влегуваат малолетници. Контролите се толку
ригорозни што е речиси невозможно и по грешка да се протне малолетно лице.
Не постои записник на надлежните државни органи каде е евидентирано присуство
на малолетник во казината и автомат клубовите кои се во надлежност на
групацијата, што е исклучителна потврда дека се работи за врвни професионалци,
општествено одговорни компании кои го штитат јавниот интерес 100 проценти и
неселективно ги спроведуваат законските норми… Затоа, клучното
прашање кое општествената јавност треба да си го постави е дали младите се
повеќе заштитени сега кога игрите на среќа се одвиваат на легален начин или
кога ќе се организираат на црно? Владата и Собранието не треба да го кријат
фактот дека дислокацијата на објектите на 500 метри од образовните институции
неминовно ќе предизвика затворање на легална економска дејност и отворање на
играчници на црно, на кои државата ќе нема никаква контрола“, вели Стоименов. 

280 милиони евра од игрите на среќа се слеваат
директно во државниот буџет

Преку повеќе ставки и
даноци од приредувањето на игри на среќагодишно во државната каса се слеваат
околу 280 милиони евра кои се насочуваат кон здравството, младите и спортот.

„Кумулативните
финансиски обврски за приредувачите на игри на среќа се
јавни и зафаќаат 6 проценти од приходите на планираниот буџет за 2023 година.
Тие имаат законска обврска за плаќање посебна давачка во вкупен износ од 23
проценти, од кои 1,5 проценти одат за потребите на јавното здравство и 1,5
проценти за потребите на Агенцијата за млади и спорт, а останатите 20 проценти
директно се слеваат во централниот Буџет. Казината и автомат клубовите
дополнително плаќаат годишно и за секоја лиценца која на приредувачите на игри
на среќа во строго дефинирана процедура им ја издава Министерството за
финансии, а конечно ја одобрува Владата. Како правни лица плаќаат и годишен
данок на добивкапо стапка од 10 проценти. Плус за секоја поединечно остварена
добивка од играње приредувачите имаат обврска да платат 15 проценти данок на
истата“, вели Стоименов.

Над
154 милиони евра инвестиции од членките на АПИС досега во државава

Компаниите кои ја сочинуваат АПИС, според податоците
кои ги изнесува Стоименов, покрај редовните годишни финансиски обврски кон
државата, досега реализирале инвестиции во вкупна вредност од 124 милиони евра
и дополнителни 30 милиони евра кои тековно се реализираат. Групацијата
Новоматик и Апекс Македонија вработува илјадници луѓе и како општествено
одговорни компании донираат во јавното здравство, спортот, културата и
постојано учествуваат или се покровители на хуманитарни акции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy