
СТОИМЕ СО АМЕРИКАНСКИТЕ СОЈУЗНИЦИ ВО СООЧУВАЊЕТО СО ЗАКАНИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК Одвраќањето е неопходно кога има кредибилни ризици

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалната мрежа Икс изрази јасна поддршка за сојузничката координација во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, нагласувајќи ја важноста од заеднички пристап во одржувањето регионалната безбедност и стабилност.
„Стоиме со нашите американски сојузници во соочувањето со заканите кои ја поткопуваат стабилноста на Блискиот Исток. Соединетите Американски Држави јасно укажаа дека дипломатијата е секогаш прва опција, но дека одвраќањето останува неопходно кога постојат кредибилни ризици“, истакна министерот Муцунски.
Тој посочи дека безбедноста, стабилноста и одговорноста се меѓусебно поврзани и претставуваат основа за долгорочен мир и предвидливост во регионот.
Воедно, министерот информираше дека дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во регионот се во активна комуникација и ангажман, со цел поддршка и асистенција на македонските државјани, обезбедувајќи ја нивната безбедност и целосна конзуларна заштита.
.
