Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стоилковски: Владата да одговори дали продавање на петарди е дел од проевропскиот претприемачки дух на внукот на Али Ахмети?
Македонија

Стоилковски: Владата да одговори дали продавање на петарди е дел од проевропскиот претприемачки дух на внукот на Али Ахмети?

31/12/2023

AA

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференција денеска истакна дека ги мислеле за европјани овие од СДС и ДУИ, а тие да продавале петарди.

„Годинава не може да заврши посрамно за владата од вчерашниот скандал, внукот на Али Ахмети оној со претприемачки дух, Дрин Ахмети е фатен со полн џип пиротехника и петарди.

Владата мора да одговори:
-Со тоа што Али Ахмети е дел од “европската коалиција”, а синоќа милионерот Дрин Ахмети освен што ја купи Соравија, дознавме дека шверцувал петарди, би прашале дали биле европски пиротехничките средства, од која европска земја се донесени, дали звукот што го испуштаат е европски и дали ја информирале Европската комисија за оваа нивна реформа со пиротехнички средства?

Владата денеска мора да одговори дали можеби и продавањето на петарди е дел од проевропскиот претприемачки дух на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, којшто беспари го зема центарот Соравија?

Дали навистина Дрин Ахмети има фабрика за производство на петарди, или тоа бил лажен изговор пред полицијата? Дали Соравија е претворена во фабрика за петарди за Дрин Ахмети потоа да ги продава?

Но почитувани, од владата и од Спасовски мора да има одговори дали вчера полициските Тигри кога го привеле Дрин Ахмети, со полн џип петарди и пиротехника, само по половина час Тигрите добиле “европска” наредба да се повлечат од станицата Центар?

Дали во системот навистина првично “европски” стоело дека е пронајдено возило со петарди, целиот случај да се води како нарушен ред и мир, да нема кривично дело, да нема ниту име и презиме на сторител? Дали Спасовски првично се исплаши од името на Дрин Ахмети тоа да биде спомнато? И дали сето потоа е сменето под притисок на јавноста?

Уште што ли се ќе доживее Македонија со СДС и со ДУИ?

Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме!“, вели Стоилковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција,

13/04/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за

13/04/2026
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
Македонија

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ

13/04/2026
Македонија

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден

13/04/2026
Македонија

Мажи од демиркаписко со закани од пиштол и нож насилно

13/04/2026
Македонија

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42431
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција, Груевски ви е промашена тема“

13/04/2026

  Познатиот скопски адвокат Владимир Туфегџиќ предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако преку Фејсбук објава жестоко ја критикуваше македонската

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за вакви дела во Македонија“

13/04/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го осуди обидот за опожарување на зградата на Еврејската заедница и

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени седум настани!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy