Стигна вештачењето за Ласкарци, нема кој да го образложи
Супервештачењето за сообраќајната несреќа кај село Ласкарци стаса на судско рочиште по повеќе од една година, но супервештаците кои требаше да го образложат, не дојдоа во судница.
Ова беше причината за одложување на денешното судско рочиште.
Вештаците ветиле дека ќе бидат присутни следното рочиште за да го образложат вештачењето,но роднините на жртвите веќе немаат трпение а ни доверба во судството.
Трагичниот настан се случи на 13 февруари 2019, каде загинаа 16 патници, а 37 беа повредени.
Обвинети се сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, но и тројца вработени во станицата за технички преглед.