Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Станува збор за епска неспособност“, вели Мицкоски за справувањето со дојавите за бомби
Македонија

„Станува збор за епска неспособност“, вели Мицкоски за справувањето со дојавите за бомби

03/03/2023

AA

Претседателот Стево Пендаровски наместо да го свика Советот за безбедност – молчи, МВР се однесува аматерски, а во Министерството за образование има епска неспособност, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашања за лажните дојави за бомби во училиштата.

Мицкоски, по денешното отворање на спортска сала во населеното место Стајковски во Општина Гази Баба, истакна дека постојат информации дека одредени директори на училишта биле „посоветувани“ да ги игнорираат заканувачките содржини кои им стигнуваат на службените мејл адреси, што според него, укажува на можноста дека е „загрозена безбедноста на учениците“.

– Денеска добив уште една уште пошокантна информација, не знам колку е точна, треба да се провери, дека неколку директори во училишта во Скопје, и во основни и во средни, биле посетувани, повторно поставувам како дилема, биле посетувани од страна на припадници на Министерството за внатрешни работи и биле советувани да ги игнорираат дојавите кои што стигнуваат на службените мејл адреси, односно на електронска пошта, да ги игнорираат како тоа да не се случува, па дури и некој биле советувани и воопшто да не ја отвораат електронската пошта, изјави Мицкоски.

Според него во целиот овој случај со дојавите за бомби, министерот за образование покажал неспособност за спарување со проблемот.

– Станува збор за епска неспособност и епски најнеспособниот министер, што за жал поради определени коалициски гимнастики се уште е министер за образование. За жал повторно ќе кажам, се соочуваме со максимално криминални и неспособни политичари, кои што немаат стратегија и не знаат како да се справат со предизвиците, а жртва се најмилите, а тоа се нашите деца, учениците без разлика дали се тоа во основните или во средните училишта, нагласи Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45037
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026

Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy