Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ССМ ПРИЗНАЛ ДЕКА ЈА ЛАЖЕЛ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА ЗА МАРКЕТИТЕ КОИ ДОГОВАРАЛЕ ЦЕНИ“: „Само прашај“ објави извадоци од прелиминарната фактичка состојба
Економија

„ССМ ПРИЗНАЛ ДЕКА ЈА ЛАЖЕЛ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА ЗА МАРКЕТИТЕ КОИ ДОГОВАРАЛЕ ЦЕНИ“: „Само прашај“ објави извадоци од прелиминарната фактичка состојба

23/03/2025

AA

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) признал дека ја лажеле Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) околу состаноците на кои четири маркети се договарале како да влијаат на цените на производите преку картелско здружување. Во „Прелиминарното известување за утврдена фактичка состојба“ кое на 12 март го донесе на седница Комисијата за одлучување по прекршок при КЗК и е доставено до Сојузот на стопански комори, стои дека оваа комора не негира дека Сузана Јаневска и Сашо Дуковски дале неточни и нецелосни изјави на Антимонополска, пишува самопрашај.мк, каде може да ја прочитате целата вест. 

Ваквото признание на ССКМ доаѓа откако на 21.02.2025 година Комисијата за заштита на конкуренцијата достави Заклучок до Комората во кое се наведува дека при контролите на 7 и 11.02.2025 година било утврдено дека Јаневска и Дуковски зборувале невистина и се обиделе да ја доведат во заблуда КЗК.

По доставувањето на Заклучокот за поведување прекршочна постапка до ССКМ на 21.02.2025 година,

на 04.03 и на 05.03.2005 година Комората доставила до КЗК одговор и дополнување на одговорот каде што и признале дека двете лица од Комората не ја зборувале вистината.

Според Законот, Комората во рок од 15 дена, значи до 27 март, има право да се изјасни по наводите во ова Прелиминарно известување за утврдена фактичка состојба, да даде забелешки и да предложи изведување на докази со кои располага.

„Го прашавме Сојузот на стопански комори што очекуваат од ова признание и дали се надеваат дека со ова КЗК ќе биде поблага во казната и нема да им изрече максимална глоба од 1% од годишните приходи како што пишува во членот 61 (став 1 точка 10) од Законот за заштита на конкуренцијата. Одговор не добивме во предвидениот рок“, пишува медиумот.

Но, добиле одговор од Комисијата.

„Оттаму велат дека документот што го објавуваме е веродостоен и дека со него се потврдува нашата констатација во претходниот текст дека ССКМ лажела во во овој случај. Но, од КЗК велат дека ваквото признание не води кон директно потврдување на вториот случај каде што освен ССКМ се истражува картелското здружување на четирите маркери. Според Комисијата ова е засебен случај кој сè уште се разгледува.“ пишува самопрашај.мк.

Ако се утврди дека е направен прекршокот, четирите маркети и ССК ќе бидат казнети според член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата или со 10% од вредноста на вкупниот годишен приход остварен во последната деловна година, изразена во апсолутен и номинален износ.

Самопрашај.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42407
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од борби во Камењане

12/04/2026

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“,

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче во „голф“, уапсени тројца, па

12/04/2026

Маж од село Камењане е лишен од слобода поради сомнение за вмешаност во борби со кучиња. Претходно, на локалниот пат

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари па се пријавил во

12/04/2026

На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy