Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ССМ: НЕХУМАНО И НЕЧОВЕЧКИ Е ФУНКЦИОНЕРИТЕ ДА УЖИВААТ, а работниците да преживуваат
Економија

ССМ: НЕХУМАНО И НЕЧОВЕЧКИ Е ФУНКЦИОНЕРИТЕ ДА УЖИВААТ, а работниците да преживуваат

01/04/2023

AA

Еден функционер со својата плата според новата пресметка покрива две ипол Синдикални минимални кошници или еден функционер по најновните пресметки вреди колку десетчлено семејство и истиот може со само една своја плата да покрие основни трошоци за двеипол семејни домакинства, а според пресметките за износот на Синдикалната минимална кошница на Министерот за економија, една фукционерска плата покрива три Синдикални минимални кошници. Ова го истакнуваат од Сојузот на Синдикатите на Македонија во нивната Фејсбук објава. 

– Министерот за финансии нема да ја почитува Одлуката на Уставниот суд и нема да им исплати зголемени плати на функционерите за чија пресметка основната нето плата е единица пресметковен коефициент и се множи по просечна плата и платите ќе им ги зголеми само линеарно за 2.175 денари.
Владата продолжува со своите заложби да изнајде методологијата за пресметката на фукционерските плати и прво ќе бара системско решение за функционерите да добијат усогласување на нивните плати со порастот на минималната плата кое се очекува да биде утврдено до декември оваа година по што нивните плати ќе бидат усогласени за 2.175 денари, а до тогаш функционерите ќе мораат да си веруваат сами на себе дека ќе го добијат усогласувањето на нивните плати – пишува во објавата на ССМ.

Пота посочуваат дека Синдикатите и работниците го имаат 1 мај, Меѓународниот ден на трудот кога го искажуваат своето незадоволство за нивните работнички права, а функционерите го имаат 1 април – денот на шегата кога нивните изјави и политики се реални и издржани.
– За жал, реалноста е сосема спротивна, односно, за фунционерите важат едни правила, нивните плати можат да ја имаат просечната плата како основна плата по која се множи коефициент на сложеност, а за работниците не смее ниту минималната плата да биде основна плата по која ќе се множи коефициент на сложеност.

Владата може да не почитува закони и колективни договори кога тоа значи зголемување и усогласување на платите на работниците, а мора да почитува закони и судски одлуки кога платите за фунционерите несразмерно се зголемуваат во сооднос со платите на работниците.

Нехумано и нечовечки е фунционерите да уживаат, а работниците да преживуваат!

Потсетуваме дека токму работниците ги бираат функционерите, а не обратно! – стои во нивната објава. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy