Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Српските медиуми објавија дека Данка е видена во Виена
Магазин

Српските медиуми објавија дека Данка е видена во Виена

31/03/2024

AA

Српските медиуми објавија видео на кое се гледаат две жени и едно девојче за кое велат дека е исчезнатата двегодишна Данка Илиќ од Бор.

Снимката наводно е од Виена, но нема потврда кога е снимена и каде точно. На видеото се гледаат две жени со чанти кои стојат на улица, а покрај нив има мало девојче.Од снимката не може да се утврди дали се работи за исчезнатата Данка.

Оваа информација пристигнува на шестиот ден од потрагата по малото девојче. Телеграф.рс пишува дека ова го снимил Србин од Виена, а наведуваат дека се обидел да им се обрати на жените кои го придружувале девојчето. Но, не успеале да се разберат.

Тој рекол и дека жените го повикувале девојчето, но детето не реагирало.

Колку и да звучи неверојатно оваа информација, полицијата има должност да ја провери бидејќи ниту една трага, колку и да е чудна, не може да се игнорира, пишува Блиц.

Така, пред неколку ноќи полицијата преку Интерпол со помош на колеги од Босна и Херцеговина ги провери и гласините на Тик Ток дека тројца мажи од Босна и Херцеговина знаеле каде исчезнала Данка и дека барале откуп од 25.000 евра за неа.

По извршената проверка било констатирано дека оваа информација не е точна, а тројцата уапсени по извршената проверка биле пуштени на слобода.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска на аеродромот Полковник-пилот Миленко Павловиќ во Батајница изјави дека се појавила нова трага во потрагата по Данка Илиќ.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на полицијата која работи деноноќно. Кога во три и пол синоќа се појави нова трага, ме известија и мене. До пет и пол секој беше на своето место. Секоја чест за нивната посветеност, колку луѓето се борат за еден прекрасен живот. Секој божји ден. Се надевам дека ќе успеат да го расветлат и овој случај“, рече Вучиќ.

Освен што го прегледале телефонот на Ивана, мајката на исчезнатата Данка Илиќ, припадници на српското МВР наводно извршиле и преглед на неколку нејзини профили на социјалните мрежи.

Полицијата во петокот отишла со мајката на двегодишната Данка Илиќ на местото каде исчезнало девојчето за да им го покаже секој чекор и детаљ од тој ден.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути, а во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, јакна во маслинесто зелена боја, а косата и била врзана во опавче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ТЕПАЛЕ ВРСНИЧКА И СЕ СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОНИ Полицијата

20/11/2026
Македонија

ОД ЗАТВОР МУ ИСПРАЌАЛЕ УЦЕНИ, КОГА ОДБИЛ ДА ПЛАТИ, МУ

20/11/2026
Македонија

Саудиска Арабија прва во светот во дигиталните владини услуги, ја

20/11/2026
Македонија

НЕМА СИГНАЛИ ДЕКА СЕ ПЛАНИРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Илија Димовски очекува

20/11/2026
Македонија

НАСИЛСТВОТО НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПРЕДМЕТ НА ПАРТИСКИ ПРЕПУКУВАЊА Владата

20/11/2026
Македонија

„НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“ СО БЛОКАДА ПРЕД ВЛАДАТА Протест против фемицидот

20/11/2026
Македонија

ЗА ОДБРАНАТА НА РИСТОВ СПОРНО Е КАКО СЕ СОБРАНИ МАТЕРИЈАЛИТЕ

20/11/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ ПРЕТЕПАЛЕ МАЛОЛЕТНИК ВО ОХРИД, ГО УДИРАЛЕ СО ПЕНДРЕК И

20/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46861
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ТЕПАЛЕ ВРСНИЧКА И СЕ СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОНИ Полицијата ги приведе

20/11/2026

Полицијата во четвртокот вечерта во Скопје привела две малолетни девојчиња, кои биле пријавени дека пресретнале друго девојче, кое го тепале

ОД ЗАТВОР МУ ИСПРАЌАЛЕ УЦЕНИ, КОГА ОДБИЛ ДА ПЛАТИ, МУ ИСПРАТИЛЕ ПИРОМАН Бизарна пресметка меѓу

20/11/2026

СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство при МВР

Саудиска Арабија прва во светот во дигиталните владини услуги, ја исполни целта на Визијата 2030

20/11/2026

Кралството се најде на првото место меѓу 194 држави и територии оценети од Обединетите нации за онлајн владини услуги, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy