
СРПСКИ МЕДИУМИ: Претседателката на Северна Македонија ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово
Српските медиуми остро реагираа на средбата на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова со косовскиот амбасадор во државава.
„Силјановска Давкова ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово“, се најчестите наслови со кои српските медиуми пишуваат за средбата на македонската претседателка со косовскиот амбасадор Флоријан Ќехаја.
Медиумите од Србија се повикуваат на официјалното соопштение од кабинетот на Сиљановска – Давкова. Инаку Србија не ја признава независноста на Косово.