Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средби со Светска банка: Народната банка во континуитет ги јакне капацитетите за одржување на финансиската стабилност
Економија

Средби со Светска банка: Народната банка во континуитет ги јакне капацитетите за одржување на финансиската стабилност

17/04/2023

AA

Светската банка позитивно ги оценува политиките на Народната
банка за одржување на финансиската стабилност. Во оваа смисла, на состанок
се дискутираше и тековната техничка помош од Светската банка, со којашто преку
повеќе проекти дополнително ќе се јакнат капацитетите на земјата и централната
банка во неколку области поврзани со банкарскиот систем. Тие се однесуваат на
унапредување на макропрудентната рамка, јакнење на капацитети за кризно
управување, за управување со климатските промени, како и финализирање на
законската рамка за решавање на банки. Дополнително во сферата на платниот
систем, ќе се поддржат напорите за изработка на студија за дигитален денар.
Проектите беа дискутирани за време на Пролетните средби на Меѓународниот
монетарен фонд (ММФ) и Светска банка (СБ), за време на состаноците на
гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска и вицегувернерот
Фадил Бајрами, со високи претставници на Светската банка, потпретседателката
Антонела Басани и извршниот директор на Конституенцата на која припаѓаме, Кун
Давидсе.

Со носењето на Законот за финансиска стабилност, минатата
година, се воспостави институционална рамка за макропрудентната политика во
нашата земја, и правно се регулираше улогата на Комитетот за финансиска
стабилност во кој се вклучени сите финансиски регулатори. Народната банка
изработи и нацрт Стратегија за макропрудентно управување, додека во следниот
период фокусот ќе биде зајакнување на рамката за следење на системските
ризици и креирање на макропрудентни политики. Во овие активности централната
банка ќе добие поддршка од Светската банка.

Во насока на управување со ризиците кои произлегуваат од
климатските промени и животната средина, а поврзано со финансиската стабилност,
Народната банка е во финална фаза со подготовката на Зелената финансиска
стратегија со поддршка на Светската банка. Исто така, Светската банка ќе
обезбеди поддршка преку консултација во однос на утврдување на насоките кои
централната банка ќе ги издаде за комерцијалните банки при идентификување,
управување, следење и известување за климатските ризици, како и креирање на
„зелена контролна табла“ на индикатори со ризици. Светската банка ќе даде и
поддршка кон стрес-тестовите на банките од аспект на климатските ризици, кои се
планирани за наредната година. Народната банка планира и организирање на
Конференција за климатските ризици преку која ќе се работи на зголемување на
свеста и ќе ги појасни супервизорските насоки и препораки за банкарскиот
сектор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФЛОРА КАДРИУ НА ЧЕЛО НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Наташа

11/11/2026
Македонија

СО УРЕД ОД ЦРНИОТ ПАЗАР КРАДЕЛЕ СТРУЈА ВО КАЗИНО Штетата

11/11/2026
Македонија

ЕГИПЕТ СТАВИ ОРГАНИЗАЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА НА СПИСОК ЗА ТЕРОРИЗАМ Суд

11/11/2026
Македонија

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ИСТОРИСКИ ИСЧЕКОР Е ШТО ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

10/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПРАВИ ХИСТЕРИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА ДА Ѝ НАШТЕТИ

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46713
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФЛОРА КАДРИУ НА ЧЕЛО НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Наташа Амдиу е избрана за нејзина

11/11/2026

Флора Кадриу е избрана за нова претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Таа ја презеде функцијата на

СО УРЕД ОД ЦРНИОТ ПАЗАР КРАДЕЛЕ СТРУЈА ВО КАЗИНО Штетата во Кичево е 2,7 милиони

11/11/2026

Со специјален уред за манипулација со фреквенции, набавен на црниот пазар, биле менувани отчитувањата на две електрични броила во казино

ЕГИПЕТ СТАВИ ОРГАНИЗАЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА НА СПИСОК ЗА ТЕРОРИЗАМ Суд во Каиро одреди 5 години

11/11/2026

Организација од Македонија е меѓу 35 субјекти што Египет ги ставил на својата листа на терористички организации. Станува збор за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy