Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Тошковски – Гир
Македонија

Средба Тошковски – Гир

08/02/2024

AA

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Европската Унија Н.Е. Дејвид Гир.

На средбата министерот Тошковски го запозна амбасадорот Гир за заедничкото функционирање на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада кое има за цел законито и професионално постапување во насока на организирање и спроведување на фер и демократски изборен процес.

Министерот Тошковски ја истакна блокадата од страна на Владата да бидат усвоени сите 8 предлог позиции во министерството кои треба да раководат со Секторите за внатрешни работи низ државата и наместо тоа од страна на Владата е добиена согласност за 7 вакви позиции.

Во продолжение, министерот Тошковски ги образложи преземените мерки со цел ублажување на процедурите за издавање на лични документи со цел граѓаните да можат на еден достоинствен начин да дојдат до својот личен документ. Во тој контекст укажа и на почитување на правните процедури во однос на рокот на важност на патните исправи, ставајќи се во улога на заштита на човековите права во однос на слободното движење на граѓаните. Со неможноста за навремено издавање на патни исправи на граѓаните, се нарушува ова основно човеково право, истакна министерот Тошковски на средбата. Воедно министерот укажа и на тоа дека ниту една друга држава, освен матичната, не може да укине важност на патни исправи на друга држава.

Со оглед на тоа дека овој процес е во надлежност на Министерството за надворешни работи, останува отворено прашањето дали министерот за надворешни работи ќе го употреби моментот да ги извести државите во светот дека македонските патни исправи престануваат со важност на датумот предвиден согласно Преспанскиот договор.

На средбата, амбасадорот Гир се заблагодари за успешната соработка со Министерството за внатрешни работи и ги потенцираше областите и проектите во кои таа досега има постигнато најголем интензитет, ставајќи акцент на соработката во областа на сајбер безбедноста, особено во изборните процеси кои следат, за што делегацијата на ЕУ стои на располагање да даде поддршка доколку има потреба за тоа.

Дополнителниот заменик министер Бојмацалиев се заблагодари за досегашната соработка со делегацијата на Европската Унија, пред сè при отворањето на Интернет центарот во Прилеп и зградата за форензика во кругот на МВР, кои значајно влијаат за подобрувањето на капацитетот на Министерството за внатрешни работи.

На крајот од средбата, соговорниците се согласија дека соработката на делегацијата на Европската Унија и Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да се одвива со несмален интензитет, а со тоа ќе се стави посебен акцент на продолжување на веќе отпочнатите проекти, со што се потврдува зацртаната цел на државата на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

22/10/2026
Македонија

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА

21/10/2026
Македонија

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА

21/10/2026
Македонија

ОТФРЕНА ИНИЦИЈАТИВАТА НА СДСМ ЗА ПОЛИТИКИТЕ КОН НЕЛЕГАЛНАТА МИГРАЦИЈА Уставниот

21/10/2026
Македонија

ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ВЕШТАКОТ ЗА „ПУЛС“ Одбраната се повикува на

21/10/2026
Македонија

СВЕДОК ТВРДИ ДЕКА УПРАВНИОТ ОДБОР НЕ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА НАБАВКА

21/10/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕОПРАВДАНОТО ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ Нацрт закон носи

21/10/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ВАРДАР Спасувачки тимови го пребаруваат

21/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46304
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

22/10/2026

Корисниците од Македонија во текот на 2025 година потрошиле околу 1,4 милиони евра на популарната интернет-платформа OnlyFans, покажуваат податоците од

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА Не го интересираат интересите

21/10/2026

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА Не го интереисраат граѓаните

21/10/2026

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy