Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Николоски – Јанош Лазар во Будимпешта: На Македонија и се потребни пријатели како Унгарија
Македонија

Средба Николоски – Јанош Лазар во Будимпешта: На Македонија и се потребни пријатели како Унгарија

04/03/2025

AA

Македонија и Унгарија се пријателски земји со одлични економски и политички односи и во духот на ова пријателство ја продолжуваме досeгашната соработка. Поддршката од Унгарија е значајна и за патот кон Европската Унија и верувам дека оваа наша соработка ќе биде добробит за македонскиот народ, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транпорт, Александар Николоски придружуван од министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, на денешната билатерална средба со својот колега, министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар како и со министерот за национална економија, Мартон Наѓ.

Средбата е дел од дводневната владина посета на Унгарија и одржување на македонско-унгарскиот самит. Во фокусот на средбата беа економските политики и инфраструктурниот развој на регионот.

Македонија има силни инвестициони планови во модернизација на транспортната мрежа и во таа насока се реализираат крупни инфраструктурни проекти кои ќе ја зголемат конкурентноста на транспортот во регионот посебно на европските коридори, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој потенцриаше дека Македонија е силно посветена на изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта и затоа огромна е важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект.

Исто така на средбата министрите разговараа и за можноста за реализација на заеднички проекти од регионален интерес, зголемување на трговската соработка и инвестициите.

Министерот исто така информираше и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.

На средбата беа разменети мислења и ставови во делот на зголемување на билатералните и мултилатерални односи и стабилностa во регионот. Вицепрмеиерот Николоски изрази огромна благодарност за несебичноста на унгарската влада во подршката што ја овозможуваат за економско зајакнување на Македонија и за процесот на евроинтегративните процеси на земјата.

Тој исткана дека Македонија е силно посветена на европерспективите преку реформирање на значајни сегменти во судството, борбата против криминалот и корупцијата.

„Овие средби со нашите унгарски пријатели ќе донесат големи придобивки за Македонија и регионот. И веќе македонските граѓани ги чуствуваат тие придобивки. Алоциравме 100 милиони евра кон општините за нивeн развој токму преку финансиската подршка од Унгарија, а оваа година веќе 250 милиони евра се ставени на располагање исто така за проекти во општините. Имаме одлични економски и билатерални односи со Унгарија, оваа година бележиме три децении од тие односи и сметам дека тоа е плод на заедничките политики. Ова е време кога се потребни силни пријатели, а Унгарија е силен партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата“- истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

На средбата двете страни изразија задоволство од досегашата соработка, потенцирајќи дека унапредувањето на односите меѓу двете земји е активност на која ќе работат и двете влади.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЧЕВА НЕДЕЛА ПРЕД НАС: Пролетта подрани, температурите до 15 степени

23/02/2026
Македонија

„СЕ ЧУВСТВУВАМ НЕБЕЗБЕДНО“: Груби сместен во ќелија со 24-часовно обезбедување

23/02/2026
Македонија

Уапсен Србин на автопатот Гевгелија-Скопје: Пренесувал мигранти од Египет и

23/02/2026
Македонија

📽️ ХАОС НА АВТОПАТОТ ШТИП–МИЛАДИНОВЦИ Се судрија пет возила, сообраќајот

23/02/2026
Македонија

ВРЕДИ: Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар

23/02/2026
Македонија

Пет возила се судрија на автопатот Штип-Миладиновци!

23/02/2026
Македонија

„ГО ПРЕЧЕКАА ЗА ПРОЧКА“ И „ФУДБАЛ ВО ШУТКА“: Социјалните мрежи

23/02/2026
Македонија

🎥 ВИДЕО СНИМКА ОД АПСЕЊЕТО НА АРТАН ГРУБИ Фатен е

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41798
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЧЕВА НЕДЕЛА ПРЕД НАС: Пролетта подрани, температурите до 15 степени

23/02/2026

Додека политичките вести ги преплавуваат насловните страници, природата ни подготвува сосема поинакво сценарио. Според најновите метеоролошки податоци, Македонија ја очекува

„СЕ ЧУВСТВУВАМ НЕБЕЗБЕДНО“: Груби сместен во ќелија со 24-часовно обезбедување бидејќи „сите се против него“

23/02/2026

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој по 14 месеци во бегство утринава му се предаде на МВР на граничниот премин Блаце,

Уапсен Србин на автопатот Гевгелија-Скопје: Пренесувал мигранти од Египет и Палестина

23/02/2026

На 23.02.2026 во 01:40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, на место викано „Авлаќот“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy