Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба на генералот Ѓурчиновски со адмирал Сер Антони Радакин во рамки на посетата на Вооружените сили на Обединетото Кралство, Соопштение
Македонија

Средба на генералот Ѓурчиновски со адмирал Сер Антони Радакин во рамки на посетата на Вооружените сили на Обединетото Кралство, Соопштение

23/11/2023

AA

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во официјална работна посета на Вооружените сили на Обединетото Кралство, денес оствари средба со началникот на генералштабот, адмирал Сер Антони Радакин.

Генералот Ѓурчиновски и адмиралот Радакин разговараа за повеќе прашања од билатералната воена соработка, како и за учеството во рамки на активностите на НАТО и меѓународните операции. Притоа,  началниците го потврдија високото ниво на воената соработка и можностите за понатамошно нејзино зајакнување. Од страна на адмиралот Радакин е искажана подготвеност за поддршка во процесот на интероперабилност.

За време на престојот во Обединетото Кралство, генералот Ѓурчиновски оствари официјална средба и со Лорд Стјуарт Пич, кој е специјален претставник на ОК за Западен Балкан и поранешен претседавач на Воениот комитет на НАТО. На средбата со Лорд Пич се разговараше за безбедносните предизвици во регионот и Европа во контекст на војната во Украина, како и за одбранбени прашања од взаемен интерес.

Претходно, армиската делегација ги посети oдбранбената академија во Шривенам, како и базата на кралското воздухопловство-Булмер, каде генералот Ѓурчиновски оствари средби со воените раководители.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од 1 јули пониски царини за 70 суровини – Собранието

29/06/2026
Македонија

Собранието ги усвои измените на Законот за трансплантација – се

29/06/2026
Македонија

ВИДЕО Голем пожар кај Визбегово, густ црн чад се издига

29/06/2026
Македонија

Вработените во секторот за игри на среќа најавуваат протести и

29/06/2026
Македонија

Растат производствените цени во индустријата – економистите предупредуваат на можни

29/06/2026
Македонија

Земјоделците алармираат: Нискиот род и откупните цени ја загрозуваат жетвата

29/06/2026
Македонија

Собранието го усвои новиот Закон за игри на среќа: Нови

29/06/2026
Македонија

Приведени 10 лица во едно деноноќие – кај нив била

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од 1 јули пониски царини за 70 суровини – Собранието ги усвои измените на Законот

29/06/2026

Македонските компании од 1 јули ќе плаќаат пониски царини за увоз на 70 суровини и репроматеријали, откако Собранието денеска ги

Собранието ги усвои измените на Законот за трансплантација – се унапредува системот за органодарителство

29/06/2026

Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со

ВИДЕО Голем пожар кај Визбегово, густ црн чад се издига над Скопје!

29/06/2026

Голем пожар избувна попладнево во околината на Визбегово, при што густ црн чад се издига над местото и е видлив

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy