Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Божиновска-Пјат на маргините на конференцијата за чиста и безбедна енергија во Истанбул, Турција
Економија

Средба Божиновска-Пјат на маргините на конференцијата за чиста и безбедна енергија во Истанбул, Турција

10/10/2024

AA

На маргините на Конференцијата за чиста и безбедна енергија, организирана од америкаснкиот Атлантски
совет, денес, во Истанбул,
министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на Македонија, Сања
Божиновска, оствари средба со Џефри Пјат, помошник државен секретар за енергетски ресурси во Стејт Департментот.

На средбата, министерката Божиновска и помошник државниот
секретар Пјат разговараа за гасните интерконектори со Грција и Србија како
клучни стратешки проекти за обезбедување стабилна енергетска иднина за нашата
држава и регионот.

Овие проекти се од суштинско значење за диверзификација на
изворите на енергија и зголемување на енергетската независност на земјата.

“Гасните
конектори со соседите се од огромно значење за нашата енергетска стратегија.
Тие не само што ќе ја зголемат нашата
сигурност во снабдувањето, туку и ќе ја подобрат нашата конкурентност на
пазарот”, истакна министерката Божиновска.

Исто така, на
средбата беше дискутирано и за стратешката соработка со САД во областа на
енергетиката, при што министерката ја акцентираше важноста на американската
поддршка во развојот на проекти за обновливи извори на енергија и технологија
за енергетска ефикасност, но и важноста од споделување искуства со САД во делот
на борбата со корупцијата во доментот на енергетиката.

“Нашата
соработка со САД е од клучно значење за имплементацијата на иновациите во
енергетскиот сектор. Заедно можеме да создадеме одржливи решенија кои ќе
придонесат за развојот на регионот”,
додаде таа.

На крајот, министерката Божиновска и помошник државниот секретар
Пјат разговараа за идната соработка и регионалните иницијативи, нагласувајќи ја
потребата за продолжување на дијалогот и партнерството меѓу државите во областа
на енергетиката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕЧИСИ ЦЕЛ МЕСЕЦ НЕМА ТРАГА ОД ИСЧЕЗНАТИОТ ГОСТИВАРЕЦ Потрагата по

11/11/2026
Македонија

ФЛОРА КАДРИУ НА ЧЕЛО НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Наташа

11/11/2026
Македонија

СО УРЕД ОД ЦРНИОТ ПАЗАР КРАДЕЛЕ СТРУЈА ВО КАЗИНО Штетата

11/11/2026
Македонија

ЕГИПЕТ СТАВИ ОРГАНИЗАЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА НА СПИСОК ЗА ТЕРОРИЗАМ Суд

11/11/2026
Македонија

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ИСТОРИСКИ ИСЧЕКОР Е ШТО ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46714
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕЧИСИ ЦЕЛ МЕСЕЦ НЕМА ТРАГА ОД ИСЧЕЗНАТИОТ ГОСТИВАРЕЦ Потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани не даде

11/11/2026

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот Шемо Шабани од Гостивар, кој на 13 октомври излегол од својот дом и

ФЛОРА КАДРИУ НА ЧЕЛО НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Наташа Амдиу е избрана за нејзина

11/11/2026

Флора Кадриу е избрана за нова претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Таа ја презеде функцијата на

СО УРЕД ОД ЦРНИОТ ПАЗАР КРАДЕЛЕ СТРУЈА ВО КАЗИНО Штетата во Кичево е 2,7 милиони

11/11/2026

Со специјален уред за манипулација со фреквенции, набавен на црниот пазар, биле менувани отчитувањата на две електрични броила во казино

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy