Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија
Економија

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

02/07/2024

AA

Плановите во делот на енергетиката поврзани со производство на електричната енергија беа дел од разговорите меѓу Сања Божиновска, министерка за енергетика и Артур Лорковски, директорот на Европскиот секретаријат за енергетика. 

Средбата се одржа во рамки на неформалниот состанок на земјите членки на Енергетската заедница, Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Молдавија и Украина. 

На состанокот беа усогласени правилата за имплементација на интеграцискиот пакет за електрична енергија и оптимизацијата на алокација на прекуграничните капацитети за пренос помеѓу земјите. Тоа значи координирана пресметка на цените и движењата со цел пазарот да биде попредвидлив и полесно да се порамнува цената. 

Исто така се разговараше и за донесување на нов Закон за енергетика, за што на земјата и е даден нов рок до 15 септември. 

Министерката Божиновска на состанокот накусо ги објасни планираните проекти на новоформираното министерство кое има за цел да го зајакне овој сектор и притоа да ги намали на минимум можностите за корупција или злоупотреби. Токму корупцијата, како што посочи Божиновска, е причина што немаме значајни инвестиции во делот на енергетиката. 

Фокусот на новото министерство, објасни министерката ќе биде ставен на капитални инвестиции кои на долг рок значат стабилност во однос на производството на електрична енергија во земјава.
За насоките од Енергетската заедница за Македонија и моменталните состојби во однос на секторот енергетика, Лорковски на 8ми јули доаѓа да го презентира извештајот пред македонските парламентарци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46772
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи го имотот од нив добила

14/11/2026

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски во „Претрес со Ландов“ пренесе сведоштво од граѓанин кој му раскажал дека неговата мајка

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека

14/11/2026

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА ВО ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ Губењето на

14/11/2026

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy