Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Божиновска – Балуку: Интерконекторот меѓу двете земји, приоритет за поврзување на регионалната енергетска мрежа
Економија

Средба Божиновска – Балуку: Интерконекторот меѓу двете земји, приоритет за поврзување на регионалната енергетска мрежа

13/11/2024

AA

Министерката
за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари продуктивна средба
со вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергија на Република
Албанија, Белинда Балуку. Разговорите беа насочени кон продлабочување на
билатералната соработка во енергетскиот сектор, со особен фокус на напредокот на проектот за
интерконекторот меѓу Македонија и Албанија кој ќе овозможи енергетската поврзаност
меѓу двете земји.

Проектот за интерконекторот, кој е поддржан од Европската унија и други
меѓународни институции, има за цел да обезбеди енергетска стабилност и
зголемена флексибилност во снабдувањето со природен гас за целиот регион.
Планот предвидува интерконекторот да биде дел од пошироката регионална
енергетска мрежа, која ќе го поврзе нашиот регион, овозможувајќи поголема
енергетска независност и конкурентност.

Двете
страни го истакнаа значењето на овој интерконектор како клучна инфраструктура
за енергетска поврзаност во регионот, која е предвидена да ги поврзе
македонскиот, албанскиот и грчкиот енергетски систем. Овој проект ќе овозможи
засилено снабдување и диверзификација на енергетските ресурси, зголемување на
енергетската стабилност и ефикасност, како и намалување на зависноста од увоз
на енергенси.

Министерката Божиновска истакна дека за Македонија ова поврзување е од
огромно значење. „Со реализацијата на овој интерконектор, Македонија ќе добие
директен пристап до гасоводните мрежи во Албанија и Грција, што ќе ни овозможи
сигурност и разновидност во снабдувањето со енергија. Ова е витално не само за
енергетскиот сектор, туку и за целокупната економија на земјата,“ потенцираше
министерката Божиновска.

Во
рамки на разговорите, беше отворена и темата за поврзување на енергетските
пазари, што претставува дел од пошироката визија за регионална соработка.
Поврзувањето на пазарите има за цел да ја олесни трговијата со енергија,
оптимизирајќи го користењето на ресурсите и овозможувајќи поголема
транспарентност и конкурентност во енергетскиот сектор. Преку создавање на
поголем заеднички пазар, ќе се овозможи поголема флексибилност, која е клучна
за адаптација кон обновливите извори и намалување на фосилните горива​.

Од страна на Балуку, беше нагласена заложбата на Албанија за
поддршка на регионалните иницијативи кои го олеснуваат енергетскиот транзит и
ја засилуваат соработката на Балканот. Во рамките на средбата, двете министерки се договорија за следни чекори и планираат дополнителна билатерална
средба со цел забрзување на
реализација на проектите што се од интерес на двете земји и регионот.

Со оваа
средба, двете земји покажуваат подготвеност за заеднички напредок кон
интегриран и енергетски независен регион, како значаен чекор во насока на
исполнување на европските цели за одржлива енергија и климатски неутрален
континент.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy