Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СРЕДБА АЗЕСКИ-МАСУТИС: Продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција предуслов и за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати
Економија

СРЕДБА АЗЕСКИ-МАСУТИС: Продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција предуслов и за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати

18/12/2024

AA

Синоќа во Солун беше остварена средба меѓу претседателот на Стопанската
комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на
трговско-индустриските комори на Грција, Јоанис Масутис. На средбата се
апострофираа неколку клучни точки кои се приоритети во соработката меѓу двете
земји, а кои се однесуваат пред сè на продлабочување на соработката преку
подобра инфраструктура и пофункционално вмрежување на компаниите од двете
земји. Беше подвлечено и дека Солунското пристаниште е точка на спојување на
бизнисите и Грција сноси огромна одговорност за негово нормално функционирање.

На состанокот со Масутис, освен за продлабочување на соработката меѓу Грција
и Северна Македонија, претседателот Азески разговараше и за актуелните прашања
од економското опкружување на земјите од Балканот вклучувајќи ги и
перспективите на балканските земји за приклучување кон Европската Унија, како и
прашањето за трговската и економската интеграција на земјите од регионот.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески е
претседател и домаќин на Асоцијацијата на балканските комори (АБК) за тековнава
година. Во таа насока на почетокот од 2025 година во Скопје ќе се одржи работна
средба на АБК на која ќе се разговара за развојот на инфраструктурата на
Балканот во функција на развој на бизнисот, особено за железницата која е рак
рана на транспортот како важна алатка во нашето работење. Во овој контекст
претседателите на двете комори на средбата во Солун ги акцентираа главните
прашања кои ќе бидат предмет на дискусија и на преземање конкретни чекори на
состанокот на АБК кој ќе се одржи набргу во Скопје.

АБК-Асоцијацијата на балканските комори е здружение на 11-те стопански
комори од Балканскиот Регион кое годинава одбележува 30 години од своето
постоење. Целта на Асоцијацијата е создавање интеграција и развој на
стопанската соработка во регионот.

Членки на АБК, покрај Стопанската комора на Северна Македонија се и
Стопанската комора на Албанија, Стопанската комора на Бугарија,
Надворешно-трговската комора на БиХ, Стопанската комора на Црна Гора, Унијата
на трговско-индустриските комори на Грција, Стопанската комора на Кипар,
Стопанската комора на Романија, Стопанската комора на Србија, Унијата на
коморите и стоковите берзи на Турција и Стопанската комора на Косово.

· 
Вкупната трговска размена на Република Северна
Македонија со Република Грција за периодот јануари-октомври 2024 година
изнесува 1,15 милијарди долари, со пад од 7,3 отсто во однос на истиот период
од 2023 година. Притоа за овој период, остварен е извоз во вредност од 251
милиони долари, со пад од 10,4 отсто, додека, пак, увозот изнесува 896,3 милиони
долари, со пад од 6,3 отсто споредено со истиот период од 2023 година. Во
вкупната надворешно-трговска размена на Република Северна Македонија со
Република Грција за периодот јануари-октомври 2024 година остварен е трговски
дефицит од 645 милиони долари.

· 
Вкупната трговска размена на Република Северна
Македонија со Република Грција пак за 2023 година изнесува 1,46 милијарди
долари, со пад од 17,7 отсто во однос на 2022 година. (најмногу поради падот на
цените на енергенсите). Притоа за 2023 година остварен е извоз во вредност од
331,2 милиони долари, со пад од 3,3 отсто, во споредба со 2022 година додека,
пак, увозот изнесува 1,13 милијарди долари, исто така, со пад од 21,1 отсто
споредено со 2022 година. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република
Северна Македонија со Република Грција за 2023 година остварен е трговски
дефицит од 797 милиони долари.

Република Грција је трет трговски партнер на Република Северна Македонија за
2023 година а за 10 години заклучно со 2023 година вкупните инвестиции од
Грција во Северна Македонија изнесуваат 445 милиони евра, што значи дека Грција
е еден од нашите најголеми инвеститори и трговски партнери.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy