
Србија ќе инвестира во дронови
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави нови инвестиции во воена опрема, особено во беспилотни летала.
Toj вели дека денешната показна вежба на припадниците на Војската на Србија на Пасуљански ливади била многу добра.
„Целта на денешната вежба беше координација меѓу беспилотните летала и позициите за гаѓање на теренот за побрзо истрелување на проектили и за погодување на цели подобро, побрзо и попрецизно, бидејќи треба да се има предвид дека голем дел од нашите припадници на Војската на Србија досега немале контакт со нови средства, со оваа воена опрема и оружје. Денеска се виде колкаво засилување има за војската, пред сè, кога користиме беспилотни летала, особено кинескиот Ć-95“, рече Вучиќ
Вели дека кинеските дронови ја погодија целта оддалечена 7.500 километри.
„Уште повеќе ќе инвестираме во дронови во наредниот период. Очекуваме да пристигнат првите количества беспилотни летала камикази што ги нарачавме и набавивме пред крајот на оваа година, а ќе продолжиме да инвестираме преку Воено-техничкиот институт во сопствено производство на беспилотни летала, како оние за надзор, така и оние што ќе носат тежок товар, и проектили и тешки бомби“, порача српскиот претседател.
Косово се вооружува, набави турски дронови Бајактар и затоа Србија следи што се случува. Србија по дипломатски канали реагирала до Турција за вооружувањето на Приштина.

