Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спречен обид за шверц – запленети 2,7 кг сребрен накит, 33 часовници и 160 парчиња облека
Магазин

Спречен обид за шверц – запленети 2,7 кг сребрен накит, 33 часовници и 160 парчиња облека

21/11/2023

AA

Во текот на изминатиот викенд, царинарниците на три гранични премини заплениле роба во вредност од 500.000 денари, со што спречиле избегнување на плаќање царински давачки од околу 150.000 денари.

Околу 2,7 килограми сребрен накит, 33 часовници, како и 160 парчиња облека со вкупна вредност од над половина милион денари се запленети од мобилни тимови на Секторот за контрола и истраги во три контроли на влез во државата на граничните премини „Богородица“, „Блаце“ и „Табановце“ во текот на изминатиот викенд. Со овие акции е спречен обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки од околу 150 илјади денари, информираат од Царинската управа.

 

– Во првиот случај двајца сопружници на влез во државата на граничен премин „Богородица“ се обиделе нелегално да внесат околу 2,7 килограми сребрен накит. Накитот е откриен при контрола на куферите, при што во внатрешните џебови од облеката се пронајдени 37 пакувања со сребрен накит, а во возилото се пронајдени и три сметки од накитот кои биле на име на сопружникот, соопштуваат од Царина.

 

Во вториот случај станува збор за часовници што мобилниот тим на Царинска управа ги открил при контрола на автомобил на граничниот премин „Блаце“. Возачот на автомобилот ги скрил часовниците во црни ќеси кои ги ставил зад совозачкото седиште.

– Друг мобилен тим, пак, на граничниот премин „Табановце“ при извршена контрола на автобус откри и заплени 160 парчиња облека наменета за продажба на македонскиот пазар. Автобусот кој сообраќал на релација Белград – Скопје е селектиран за детален преглед при што под клупите и во фабричката шуплина над задните десни тркала се пронајдени непријавените парчиња облека, известуваат од ЦУ.

 

Оттаму, посочуваат дека во случајот на заплена на часовници и облека против лицата се поднесени прекршочни пријави. Во случајот во кој е запленет околу 2,7 килограми сребрен накит против лицето е поднесена кривична пријава до јавно обвинителство за кривично дело криумчарење, по што судот донесе одлука за одземање на накитот, парична казна од 2.500 евра во денарска противвредност и заплена на возилото со кое е извршено кривичното дело. ир/дма/

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42392
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот нека нè просвети, порачува г.г.

12/04/2026

„Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy