Список на најсмртоносните земјотреси во последните 25 години
Повеќе од 2.000 луѓе загинаа во земјотресот што го погоди Мароко ноќта меѓу петокот кон саботата, а следи преглед на најсмртоносните земјотреси во последните 25 години.
– 8 септември 2023 година – Во Мароко, земјотрес со јачина од 6,8 степени, загинаа повеќе од 2.000 луѓе
– 6 февруари 2023 година – Во Турција и Сирија, земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер, загинаа повеќе од 21.600 луѓе
– 25 април 2015 година – Повеќе од 8.000 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 7,8 степени во Непал
– 11 март 2011 година – Повеќе од 18.400 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 9 степени во близина на североисточниот брег на Јапонија што предизвика цунами.
– 12 јануари 2010 година – Повеќе од 100.000 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 7 степени на Хаити. Владата проценува дека загинале 316.000 луѓе, но поради обемот на уништувањето, невозможно е да се направи точен биланс.
– 12 мај 2008 година – Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Сечуан, Кина, при што загинаа повеќе од 85.500 луѓе.
– 27 мај 2006 година – Повеќе од 5.700 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што го погоди индонезискиот остров Јава.
– 8 октомври 2005 година – Повеќе од 80.000 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 7,6 степени во пакистанската област Кашмир.
– 26 декември 2004 година – Земјотрес со јачина од 9,1 степени според Рихтеровата скала во Индонезија предизвика цунами во Индискиот Океан при што загинаа околу 230.000 луѓе во десетина земји.