
Спасувачите во Пакистан ги пронајдоа телата на 11 рудари кои загинаа во експлозија во рудник за јаглен
Спасувачите ги извлекоа телата на 11 рудари кои загинаа минатата недела по експлозија на гас на метан што предизвика уривање на рудник за јаглен во југозападен Пакистан, а по еден се уште се трага, соопштија денеска локалните власти.
Безбедносните стандарди најчесто се игнорираат во рудниците во Пакистан, што доведува до несреќи и експлозии.
Секоја година во рудниците во таа земја умираат десетици рудари. Рударите се жалат дека нивните сопственици често не им обезбедуваат ни основна безбедносна опрема.
