Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски и Робинсон од Вашингтон: Потврда за поддршка и признание за постигнатите одлични резултати во борбата против трговија со дрога
Македонија

Спасовски и Робинсон од Вашингтон: Потврда за поддршка и признание за постигнатите одлични резултати во борбата против трговија со дрога

12/01/2024

AA

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Вашингтон, САД, оствари средба со помошник државниот секретар, амбасадорот Тод Робинсон од Бирото за прашања поврзани со спроведување на законите и илегална трговија со наркотици, во рамките на Стејт Департментот на САД.

Заблагодарувајќи се за средбата, министерот Спасовски истакна дека истата дава значајна можност да се потврдат и зајакнат заемните заложби во борбата против илегалната трговија со наркотици која е високо поставена на заедничката агенда.

„Токму вашата експертиза и искуство во оваа област се од непроценливо значење за нас, и сме благодарни за секаков вид на поддршка и соработка што можеме да ја добиеме од Соединетите Американски Држави. Впрочем, за тоа говорат и заеднички координираните акции со ДЕА, а како исклучитено значајни би ги издвоил акциите меѓу македонската и грчката полиција, како и македонската и албанската полиција, односно во рамки на две организирани криминални групи на територија на Албанија и на територија на Грција во кои беа запленети 429 килограми кокаин.Станува збор за акции реализирани по информации на службите од МВР, успешно спроведени во заеднички соработка со полициите од Албанија и Грција”, истакна Спасовски, информирајќи го Робинсон за постигнатите високи резултати на МВР во делот на сузбивање на недозволена трговија со дрога како најдобри резултати во последните 30 години.

Во оваа прилика, министерот Спасовски предложи иницијатива за склучување акциски план за реформирање и одржување на кривично правниот систем, како и развивање и воведување на неопходната архитектура за меѓународна контрола на наркотици и прекугранична соработка во областа на спречување на трговијата со дрога. Меѓу другото, тој истакна дека во нашата земја воспоставен е таканаречен „Фронт за борба против корупција“, кој не претставува нова институција или збир од повеќе институции, туку едноставно – механизам за чија цел е осигурување еднакво функционирање во текот на целиот процес на преземање дејствија и отстранување на недостатоците со кои се соочуваме во различните сегменти на сузбивање на овој вид криминал.

„Борбата против криминалот и корупцијата никогаш нема да бидат ефикасни доколку процесните дејствија немаат завршница, доколку ако судот утврди дека некое лице стекнало нешто на криминален начин – тоа нешто не биде одземено и вратено на државата. Поддршката од Владата на САД би била повеќе од добредојдена – осигурување на еднообразен начин на дејствување на сите надлежни институции во борба против корупцијата на начин на кој секоја карика во кривично-правниот систем ќе постапува сообразно, последично и ефикасно согласно своите законско утврдени надлежности”, рече министерот Спасовски.

Помошник државниот секретар, амбасадорот Робинсон изрази задоволство од денешната средба со министерот Спасовски и како одличен познавач на состојбите во Регионот беше импресиониран од презентираните достигнувања и му честиташе на министерот за одлични резултати во борбата против организираниот криминал и дрога, охрабрувајќи го дека и во наредниот период на реформи ја има неговата поддршка и ни стои на располагање во борбата со корупцијата за се што ќе ни биде потребно на тој пат, вклучително и обуки за полициските службеници и експертиза. Робинсон рече дека безрезервно продолжуваат со поддршка и соработка на институциите во Република Северна Македонија во борбата со корупцијата и дека на тој пат Северна Македонија не е сама, бидејќи нејзиното место е во ЕУ, а граѓаните тоа одамна го заслужуваат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат

18/02/2026
Македонија

СДСМ МАНИПУЛИРА, НЕМА НИКАКВА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАДИНИОТ АВИОН Почитуван е

18/02/2026
Македонија

ГОЦЕ НАУМОВСКИ Е НОВ УСТАВЕН СУДИЈА Одлуката за новиот член

18/02/2026
Македонија

Николоски: Прилеп – Битола се гради со силна динамика, започнуваме

18/02/2026
Македонија

Паднати дрвја и навалени бандери низ Гази Баба: Се санирааш

18/02/2026
Македонија

Роботи, одела, детектори, камери, рендген апарати: САД донираше опрема од

18/02/2026
Македонија

СЕ КРЧКА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО? Денеска се одржала

18/02/2026
Македонија

Јаневска не се откажува од предлог-законот за високо образование, вели

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41632
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат Скопје – Велес!

18/02/2026

АМСМ информира дека сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес поточно 2 км. пред Н.С, Сопот од 21.00 ч

СДСМ МАНИПУЛИРА, НЕМА НИКАКВА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАДИНИОТ АВИОН Почитуван е правилникот на Владата, вели Митева

18/02/2026

СДСМ се служи со манипулации и невистини во јавноста, со расфрлање на пердуви кои што не носат апсолутно ништо. Ако

ГОЦЕ НАУМОВСКИ Е НОВ УСТАВЕН СУДИЈА Одлуката за новиот член ја поддржаа 63 пратеници

18/02/2026

Со 63 гласа „за“, седум „против“ и без ниту еден воздржан, Собранието денеска го избра Гоце Наумовски за нов уставен

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy