Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасени три 16-годишни момчиња кои останале заробени на островце на реката Треска
Магазин

Спасени три 16-годишни момчиња кои останале заробени на островце на реката Треска

10/07/2024

AA

Три 16-годишни момчиња доцна синоќа се спасени откако останале заробени на едно островце на реката Треска. Од Центарот за управување со кризи информираат дека пријавата е добиена во 19:12 часот и дека момчињата останале заробени на островчето, поради надојдената река заради испуст на водата од хидроцентралите што е редовен процес за континуирано производство на електрична  енергија со што навечер има нагло зголемување на водотекот низ коритото на реката.

Од ЦУК веднаш биле контактирани дежурните во полициската станица Сарај од кои е побарано да се упатат на локацијата каде што се наоѓаат момчињата и ако се во можност согласно процедурите соодветно да интервенираат. Паралелно, бил воспоставен контакт и со Црвениот Крст кои информирале дека нивните тимови се волонтери и не се во можност соодветно да реагираат во овој случај. 

Од страна на ЦУК е побара од диспечерите во хидроцентралите да го намалат истекот на вода со што ќе се овозможи извлекувањето и спасувањето на момчињата.

Во меѓувреме од страна на тим на специјалните сили е направен еден обид со чамец да се спасат момчињата, но безуспешно заради брзата и силна вода во зголеменото корито на реката Треска. 

Околу 23 часот од страна на дежурните служби во полициска станица Сарај е добиено известување дека по намалување  на водостојот на реката, со помош на специјалните тимови на МВР и селаните од селото Грчец, момчињата безбедно се префрлени со чамец од другата страна на островот што гравитира кон селото Грчец. 

По спасувањето на момчињата, ЦУК ги известил хидроелектраните „Козјак“ и „Матка“ непречено да произведуваат со производство на електрична енергија. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
Македонија

РАСПИШАНА ПОТЕРНИЦА ПО ИВА МИХАИЛОВА Се очекува Бугарија да ја

13/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА НЕЛЕГАЛНО ЈА НАПУШТИЛА МАКЕДОНИЈА Тошкоски очекува Бугарија да

13/10/2026
Македонија

ДАЛИ ЗАД ИВА МИХАИЛОВА СТОЈАТ ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ, УЦЕНЕТИ ОД

13/10/2026
Македонија

ОБВИНЕТИОТ ГРУБИ Е НА СЛОБОДА, НЕ СМЕЕ ДА ГО НАПУШТИ

13/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ИЗБЕРЕ ДАТА ЦЕНТРИ, А НЕ ПРОТЕСТИ И

13/10/2026
Македонија

ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ ГРИП ПОЧНУВА ОД 16 ДО 25 ОКТОМВРИ Пријавувањето

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46144
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА ШЕФ НА ОЈО ГОКК Кој

13/10/2026

Петмина обвинители се кандидати за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Во трка

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm организираат бесплатна обука за родители

13/10/2026

Од бременоста до првите чекори на бебето, секоја нова фаза носи радост, но и многу прашања. Токму затоа, dm drogerie

РАСПИШАНА ПОТЕРНИЦА ПО ИВА МИХАИЛОВА Се очекува Бугарија да ја уапси и да ја испорача

13/10/2026

Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Ива Михаилова (23) од Кочани, од татко Симеон и мајка Христина, двајцата од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy