Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СОЗР ги стави во официјална употреба новите службени регистарски таблици
Македонија

СОЗР ги стави во официјална употреба новите службени регистарски таблици

09/09/2025

AA

СОЗР ја започна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблици, со што се става крај на можноста за нивна злоупотреба за приватни и партиски цели. Промоцијата на новите таблици се одржа на паркингот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“,

а на на настанот присуствуваа Ивица Томовски, Директор на Службата за општи и заеднички работи и Александар Јанев, Директор на Бирото за јавна безбедност.

Директорот на СОЗР, Томовски нагласи дека оваа иницијатива е реализирана по насока на премиерот Христијан Мицкоски, со цел воспоставување транспарентност и дисциплина во користењето на државните возила.

„Пред неполна година формиравме работна група во рамките на Владата и отпочнавме постапка за брендирање, односно замена на сите таблици во службените возила во државата. Долго време слушавме дека ќе се спречат злоупотребите, но тоа не се реализираше. Сега тоа го покажуваме на дело. Им дадовме насоки

и препорака на сите институции да започнат со промена на таблиците и ова денеска претставува втор повик за тоа – до 15 септември да бидат брендирани сите возила. Доколку тоа не се направи, рокот се продолжува до 29 септември, до почетокот на кампањата за локалнитe избори. Во спротивно, при следната регистрација институциите задолжително ќе ги добијат овие таблици,“ изјави Томовски.

Тој посочи дека државата моментно располага со околу 7.000 до 7.500 вакви возила, но сѐ уште нема целосен регистар за нивна евиденција, што дополнително ќе биде регулирано во следниот период. Томовски напомена дека тоа како обврска го презема Министерството за внатрешни работи, заклучно со 31.12 оваа година да го изготви овој регистар и конечно да имаме јасна слика за тоа со какви возила располага државата.

Директорот на Управата за јавна безбедност, Александар Јанев, исто така ја поздрави одлуката и го истакна нејзиното значење во контекст на меѓународните препораки и европските стандарди.

„По 34 години независност и по бројните забелешки содржани во извештаите на ОБСЕ и ОДИХР, кои беа давани за време на претходните избори, како институција задолжена за јавната безбедност целосно ја поздравуваме оваа мерка и ја имплементираме без исклучок. Воведувањето на единствени службени таблици претставува важен чекор во насока на транспарентност, отчетност и професионално управување со јавните ресурси. Ова не е само техничка промена, туку суштинска реформа која ја зајакнува довербата на граѓаните, ја потврдува одговорноста на државата и го усогласува нашето функционирање со најдобрите меѓународни практики. Убеден сум дека ваквиот пристап ќе придонесе за зголемување на институционалниот интегритет и за поефикасна контрола врз користењето на службените возила,“ изјави Јанев.

Со воведувањето на новите службени таблици, институциите добиваат јасна обврска за правилно и транспарентно користење на државните возила, со што се зајакнува довербата на граѓаните и се обезбедува одговорно управување со јавните ресурси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy